„Хипоманијата во која најчесто влегувам е проследена со голема продуктивност, храната ми е вкусна, па качувам едно 6 килограми секојпат, имам потреба од ораторство, слушање многу музика, љубов и емпатија кон сите, безрезервно помагање на пријатели, зголемено либидо, но во депресивните периоди не можам да испржам ниту едно јајце. Дома сме исклучително искрени за мојата состојба, особено со мојот син Мартин, кој е емпат и кој ме чувствува најмногу од сите...'. раскажува Марија Баришин Лус (42) од Скопје за животот со биполарно растројство.