„Имам многу чевли и патики, можеби преку 100тина и сè уште имам чувство како некои да ми фалат во колекцијата. Дома, две третини од гардероберите се мои, жена ми често знае да каже дека сум го окупирал домот со мои работи и дека ми е навистина доста. Во моите карактерни црти перфекционизмот има посебно место, сè што правам, сè што сакам, сето она што го привлекува моето внимание мора да биде перфектно, па така е и на поле мода, но и кариера“, вели Злате Мехмедовиќ (45), кој повеќе од 20 години работи како доктор, а го знаеме како урбан лик кој навистина внимава на стилот.