Наталија од Охрид чува зајак: „Бани е дресиран и надвор од кафез, но неправилно кревање може да биде кобно - многу се нежни“

„Сопругот ми ја исполни најголемата желба. Бани е најубавиот подарок што сум го добила“ – вели Наталија за нејзиниот миленик што го чува веќе 7 години. Таа за CRNOBELO.com открива како изгледа да се грижите за ваков миленик, но и на што треба да внимавате.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-1.jpg

Наталија Деспотовски од Охрид себеси се опишува како неповторлив ентузијаст, љубител на кујната и на животните. Таа веќе седум години чува домашен миленик зајче, што се вика Бани. Љубовта на Наталија кон Бани е видлива и на фотографиите на Инстаграм што таа редовно ги објавува.

Наталија во интервју за CRNOBELO.com открива како изгледа да имате милениче зајак, со кои предизвици се соочуваат сопствениците и од свое искуство појаснува на што треба да внимаваат луѓето доколку се одлучат да вдомат ваков миленик.

Колку време го чуваш зајчето, како се вика?

Зајко го имам веќе 7-ма година , заедно со мене се селел 4 пати и е доста прилагодливо животинче. Неговото именце е Бани.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-02.jpg

Како се одлучи да чуваш зајак како домашен миленик? Имаше ли некој член од семејството кој првенствено не се согласуваше со одлуката?

Цел живот сакав да имам домашно милениче.

Нормално секој родител знаејќи дека одговорноста за грижа ќе биде најмногу негова, секогаш биле против да се чува животинче дома.

Сепак за ваков чекор се одлучив моментот кога почнав да живеам сама, и сега најмногу од се му се радуваат него.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-03.jpg

Какви услови се потребни за да чуваш зајак дома?

Според мене не треба голем простор за чување на кафезот, а секако неговиот дом е цел наш стан.

Бани е дресиран каде треба да ги извршува физиолошките потреби, каде стои садот за храна и вода, па на тој начин тој е 24 сати надвор од кафез, низ цел стан си има свои местенца па скоро секогаш знаеме каде си одмара.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-04.jpg

Како изгледа неговото живеалиште и колку често го чистите?

Кафезот се состои од некои основни работи кои се наоѓаат внатре, како садот за вода, сад за храна и сад со пилевина.

Пилевината ја менуваме секој трет ден, пред кафезот има теписонче за полесно да е влегувањето. Во нашиот случај кафезот е отворен постојано.

natalija-od-ohrid-chuva-zajak-bani-e-dresiran-i-nadvor-od-kafez-no-nepravilno-krevanje-mozhe-da-bide-kobno-mnogu-se-nezhni-05.jpg



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...
Ангела од Охрид е докторка со страст за животот - свири клавир, вежба и обожава патувања (фото) „И покрај тоа што потекнувам од докторска фамилија, мајка специјалист педијатар ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg