Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“

„Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото е историја...“ - 22-годишниот пејач Давид, познат како Јанг Дади, се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

david-jang-dadi-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-lichna-karta-vo-kafeana-01.jpg

Младиот музички артист Давид, познат како Young Dadi, се прослави со неговиот хит „5 до 2“, а оттогаш редовно објавува песни кои помладата публика ги обожава.

Неодамна тој имаше и дует со Тамара Тодевска, а во постаро интервју за CRNOBELO.com откри дека не сака жанровски да се ограничува.

Сега Јанг Дади се потпиша во нашиот лексикон и признава дека уште од мал сакал да биде ова што е денес, бил одличен ученик, а уште се дружи со екипата од детството.

Која била неговата прва симпатија, каква беља направил како мал, од што се плаши и многу други работи, прочитајте во лексиконот:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Давид ака Дади ака Јанг Дади.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

22 години, роден на 12.11.2001, Скорпија.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Моментално сум во некој ретро фазон, па би рекол Pump up the jam.

Омилен пејач Brent Faiyaz, омилена пејачка SZA.

david-jang-dadi-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-lichna-karta-vo-kafeana-03_copy.jpeg

4. А омилена книга? 

E немам. :)

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Бред Пит, Салма Хајек, филмови имам многу омилени, а серија - Entrevias.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Ракомет и кошарка. Немам ни омилен спортист, ни омилен клуб.

david-jang-dadi-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-lichna-karta-vo-kafeana-04.jpeg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам две пудлици. Бони и Чика.

8. Кој ти е среќен број?

Не гледам среќа во броеви.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Ова што сум денес.

david-jang-dadi-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-lichna-karta-vo-kafeana-09.jpeg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Ginger beer или џин со лимон, а од храна би одвоил гиро и суши.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам day-one екипа со која се дружам од дете, со нив сум до ден денес најблизок. 

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик, а омилен предмет ми беше социологија.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Моите родители.

david-jang-dadi-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-lichna-karta-vo-kafeana-08.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg