Ивона Зотевска: „Дијагнозата мултипла склероза на 36 години ми беше шок, но децата ми се инспирација за да бидам позитивна“

„Што се промени поради болеста мултипла склероза? Сè се смени, енергијата ми се намали за 90%, сè уште не можам да се препознаам. Има и лоши и добри денови, но гледам обврските да си ги завршам во добрите, да се посветам на децата, тие ми се мотивација. Не постои познат лек за МС. Третманите се обидуваат да ги повратат функциите по нападот, да спречат нов напад и да спречат попреченост“, вели Ивона Зотевска (38) од Скопје за CRNOBELO.com, која храбро говори јавно за да ја поткрене свеста за оваа болест.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-01.jpg

Ивона Зотевска (38) од Скопје, сопруга и мајка на две деца, Максим (10) и Лана (6) на 36 години добила дијагноза мултипла склероза, иако првиот напад го доживеала многу порано.

Моментално е невработена, но хоби ѝ е во слободно време да се опушта со рачна изработка на аксесоари за деца, возрасни и домашни миленци (приврзоци, алки, шнолички, пеперутка машни и сл.).

Отворено говори за болеста мултипла склероза за да ја поткрене јавната свест на оваа тема.

Мултипла склероза (МС) е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, инфламаторна и дегенеративна болест на централниот нервен систем. Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, 'рбетниот мозок и оптичките нерви, предивикувајќи инфламација и последователна дегенерација, кое води до прекин на невротрансмисијата.

Се смета за хомогена болест, но нејзиниот тек и симптоми варираат, вклучувајќи мускулна слабост, замор, потешкотии со видот...

За CRNOBELO.com Ивона ја споделува својата приказна:

Какви симптоми имаше? Што те натера да појдеш на доктор?

Мојата „МС приказна“ почна пред околу 11 години кога почувствував трнење на левата нога.

Нормално по бројни испитувања, пулсна терапија, сомневање за демијализирачка болест (мултипла склероза), јас продолжив со животот без никаков симптом, без никакво влошување. Комплетно заборавив на таа епизода од мојот живот.

Следната епизода се случи во април 2020 (во време на ковид-19). Повторно имав трнење на нозете кое се прошири кон цело тело, движењето стана тешко, болно, па повторно се најдов на клиниката за неврологија и веќе знаев, нема сомневање, тоа е, се врати.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-12.jpg

На колку години ја доби дијагнозата и што почувствува кога слушна дијагноза мултипла склероза?

Како што кажав предходно, дефинитивната дијагноза ја добив 2020-та година на 36 години.

Шок за сите, најмногу за мене, за моето семејство, моите родители (мојата најголема поддршка).

Знаев многу добро што е мултипла склероза, отсекогаш ме интересирала медицината, но за мојата околина сигурно беше непознато или првпат го слушнаа кога им соопштив јас.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-10.jpg

Долови ни што значи дијагнозата мултипла склероза... Колку луѓе во Македонија се соочуваат со оваа болест? Познаваш ли такви?

МС или мултипла склероза е хронична автоимуна болест, односно воспаление на миелинска (масна) обвивка на ‘рбетниот мозок.

Денес, во однос на периодот од пред 10,15 години има многу литераратура достапна за сите што сакаат да се едуцираат, за подобро да нè разберат. Иако секој е случај за себе, сите сме со различни симптоми, затоа и се нарекува снегулка болест - секоја е различна.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-07.jpg

Не постои познат лек за МС. Третманите се обидуваат да ги повратат функциите по нападот, да спречат нов напад и да спречат попреченост.

Лековите за МС може да имаат негативни ефекти или да бидат слабо толерирани и затоа многу пациенти користат алтернативни третмани. Тешко е да се даде прогноза за текот, таа зависи од подвидот на болеста, поединечните карактеристики на болеста на пациентот, почетните симптоми, степенот на попреченост која ја има пациентот како што минува времето.

Во Мaкедонија мислам дека бројот е околу 1.200 дијагностицирани. Постои и здружение „Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза“.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-04.jpg

Колку поддршката од најблиските ти помогна со справување со шокот од дијагнозата?

Од семејството имам најголема поддршка, сопругот, децата (кои се премногу мали за што било да сфатат), родителите и брат ми, па и сите блиски пријатели и роднини. Но, и покрај сè, треба време, трпение и верба.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-11.jpg

Како реагираа најблиските?

На почетокот беше многу чудно, тивко, сите бевме неми, јас особено, но почнавме да зборуваме на темата и да решаваме што понатаму заеднички.

Најголемата поддршка ја имам од моите родители, брат ми, сопругот и децата.

ivona-zotevska-dijagnozata-multipla-skleroza-na-36-godini-mi-beshe-shok-no-decata-mi-se-inspiracija-za-da-izdrzham-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg