Љубовната приказна на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут: „Ме запроси во Либан, а се венчавме во Македонија“

Младата скопјанка, Драгица Ибрахимовиќ (27), која работи како стјуардеса во авиокомпанијата „Saudia Airlines“, со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, во сплетот на животните патишта, пред 3 години го запознава Марк Саркис од Бејрут, Либан. Неодамна парот направи свадба во Македонија, а Драгица за CRNOBELO.com открива детали за нивната љубовна приказна.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-01.jpg

Дека љубовта не познава граници, дека различните култури не се препрека да бидат заедно двајца доколку се сакаат, сведочи и врската на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут кои на 22-ри јуни љубовта ја крунисаа со брак.

Младата скопјанка, Драгица Ибрахимовиќ (27), која работи како стјуардеса во авиокомпанијата „Saudia Airlines“, со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, во сплетот на животните патишта, пред 3 години го запознава Марк Саркис од Бејрут, Либан, со кого уште од самиот почеток има среќна врска, која е спој на различни култури и менталитет.

Инаку, Марк живее во Ријад, Саудиска Арабија и се занимава со приватен бизнис за логистика.

Драгица со задоволство ја споделува нејзината љубовна приказна со Марк за CRNOBELO.com:

„Заедно сме од почетокот на 2020 година, но пред тоа се познававме од Инстаграм.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-05.jpeg

Една вечер јас бев излезена со друштво на вечера во Џеда, градот во кој живеев на почетокот кога се преселив во Саудиска Арабија, и таму беше и Марк со неговите другари. Го здогледав во метежот, тој веќе ме гледаше и се смееше, па така сфатив дека го познавам од некаде.

По некое време ми пријде и почнавме да разговараме за разни работи, при што и двајцата имавме чувство како да се познаваме со години. Така, започна нашата врска.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-03.jpeg

За жал, по некое време почнавме да се соочуваме со мали проблеми бидејќи короната земаше сè повеќе замав, а Марк мораше да се пресели во главниот град на Саудиска Арабија – Ријад.

Јас бев навикната на животот во Џеда бидејќи сите мои блиски другарки беа во Џеда и бидејќи, покрај со мојата работа како стујардеса, се занимавав и со манекенство.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-15_copy.jpeg

Но, љубовта и желбата да бидам блиску до Марк победи и после два месеци се преселив и јас во Ријад. Така што, набрзо нашата врска се засили уште повеќе и сфатив дека сум среќничка која ја пронашла љубовта на својот живот.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-16.jpeg

Иако навидум делува дека двајцата сме од различни култури, со различен менталитет и начин на живеење, кои на почетокот мислев дека ќе влијаат на врската, со тек на време воочив дека Либанците се многу слични со нас Македонците во поглед на животните вредности, како на пример семејно ориентирани, вредни и амбициозни и слично.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-14.jpeg

Исто така, можам да кажам дека мажите Либанците се многу романтични, модерни, имаат манири и знаат како да почитуваат секого и се многу верни кога се сигурни во нивниот избор.

Тие знаат како да се грижат за својата избраничка и да направат да се чувствува многу посебно. Тука ќе се надоврзам со моето лично искуство кога Марк ме запроси.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-20.jpeg

Мојот роденден е на 06.07, но Марк предложи да го прославиме една седмица подоцна во Бејрут, неговиот роден крај. Јас секако прифатив, бидејќи Бејрут е еден од најпознатите градови за ноќен живот и забави.

На 14.07. наутро пристигнав во Бејрут и веднаш ме однесе на фризер кажувајќи ми дека тоа е единствениот слободен термин и попладнето ми рече да се подготвам да излеземе по повод мојот роденден.

Воопшто не се посомневав дека всушност забавата не е роденденска.

Пристигнавме на Хариса, место со прекрасен поглед кон зајдисонцето. Како се приближувавме до местото, така сè погласно се слушаше песната „Happy birthday“ и гласови на други луѓе, коишто мислев дека се нашите другари. Беше прекрасно.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-02.jpeg

Кратко по свршувачката, почнавме да размислуваме за свадба, особено за тоа каде би можеле да ја имаме нашата свадбена прослава.

Имавме повеќе идеи, но на крај одлучивме дека е најубаво да имаме две свадби каде би можеле да им ги покажеме на нашите најблиски традициите и обичаите на нашите земји.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-18.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg