Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашата љубов“

„Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на филм тргнал накај неговите пешки - тој напред фрла петарди, а зад него цела гарда го следат со музика. И така одел 2km“ - Светлана Црнокрак ни ја раскажа љубовната приказна со сопругот Мики.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-01.jpg

Светлана и Мики Црнокрак важат за еден од најскладните парови кај нас.

Нивната љубов трае скоро три децении, а плод на тоа се ќерките Моника и Нина.

Но, зад себе имаат и многу среќни моменти, како и заедничка работа - модното студиоп Црнокрак, па сето тоа заедно ја прави нивната љубов посилна.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-10.jpeg

Во разговор за CRNOBELO.com, Светле ни ја раскажа нивната љубовна приказна:

Како почна љубовната приказна со Мики? Кој го направи првиот чекор? Раскажи ми подетално за вашите почетоци...

Нашата прва средба беше на модна ревија во Битола.

Бевме неколку манекени во автомобилот, а Мики нè возеше до таму.

Уште додека патуваме, во кола се случи таа прва искра со очите преку ретровизор, скришни насмевки.

На почетокот Мики беше многу препотентен, а јас уште повеќе, се држевме некако на дистанца, за отпосле (кога веќе бевме во врска) да ми признае дека бил таков, „глумел“, бидејќи (познавајќи ме од медиуми како модел и мисица Светлана Керазовска) имал голема трема од мене.

И така тоа траеше неколку дена, до наредната ревија, која ни беше во Штип.

И повторно истата екипа. На самата проба за ревија, на пистата, се случи мал инцидент, јас се сопнав и почнав да паѓам, а прв што стоеше до мене беше Мики.

Го потегнав и него, мојот спасител и заедно паднавме едeн врз друг.

Така го скршивме мразот меѓу нас и потоа сè си течеше по ред.

Година и пол бевме во врска, пред да се венчаме.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-05.jpeg

Со што те освои тој?

Освен со својот шарм, Мики ме освои со својата позитивна духовитост.

Секогаш насмеан и неизвесен во позитивната беља што претстои. Постојано изненадуваше.

Ме освои и со сите други негови доблести и мани, но првенствено, најмногу со тоа.

Дали уште веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?

Беше тоа дефинитивно љубов на прв поглед.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-06.jpeg

Како те запроси? Ти подготви ли некакво изненадување?

Мики ме запроси кога најмалку очекував. Бевме седнати на секојдневно кафе во ГТЦ во едно, тогаш популарно кафуле, и спонтано ме праша дали некогаш би сакала да бидам негова сопруга.

Јас со насмевка му одговорив потврдно.

И кога беше сигурен поради мојот одговор, го извади од џеб прстенот и ми кажа дека веќе нема каде да бегам... И така бидна.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-11.jpeg

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата? На што се сеќаваш со најголема радост од тој ден?

Пред нашата свадба ние веќе живеевме заедно во наш стан, а неколку дена пред свадбата јас отидов во Гостивар кај моите, бидејќи сакавме сè да оди според традицијата, да ме земат од кај моите како што доликува.

Тоа утро Мики си се спремил, се дотерал во нашиот стан и од таму стигнал кај неговите, изнајмил трубачи и како на филм - тој напред фрла петарди, а зад него цела гарда го следат со музика. И така одел пешки 2km до кај неговите.

Тоа беше еден интересен момент кој го раскажуваат неговите роднини и пријатели, а кои го чекале да дојде.

Инаку, на нашата свадба се сеќавам дека многу врнеше.

Кога завршивме со сите адети кај моите, само што тргнавме на кај Скопје, почна силно да врне и не престана до вечерта.

Бабите и дедовците ни викаа дека тоа било убаво, ќе ни бил бериќетен и богат бракот, па можеби погодиле.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-04.jpeg

Имате две ќерки... Колку нивното раѓање ви ја зацврсти љубовта?

Нормално е дека децата ти го менуваат животот во позитива.

Взаемната љубов ја делиш и со нив, а воедно имаш и создаваш уште повеќе љубов.

ljubovnata-prikazna-na-svetlana-i-miki-crnokrak-padnav-vrz-miki-na-pista-toa-beshe-pochetok-na-nashata-ljubov-12.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg