„Летните, жешки денови, за трудниците имаат негативно влијание врз телесната хидрација, чести појави на отоци на екстремитетите, влијание на крвниот притисок. Ако имате новороденче, оладете ја просторијата пред бебето да легне, потоа исклучите ја климатизацијата ноќе“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Николина Ралевски, акушерка која 10 години веќе работи во родилна сала во Германија, а редовно споделува совети за бремени жени и новороденчиња.