Даниела Петровска, професорка по македонски: „Учениците не читаат, предизвик е да ги натерам да одат во библиотека“

„Социјалните мрежи се место каде што повеќето луѓе, за жал, го извитоперуваат современиот јазик и отстапуваат од литературната норма. Факт е дека ние имаме и латинична верзија на нашата азбука, но тоа не ја намалува обврската да ја користиме кирилицата“, вели Даниела Петровска, професорка по Македонски јазик и литература во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

daniela-petrovska-e-nasa-inspirativna-profesorka-najgolem-predizvik_mi-e-da-gi-motiviram-ucenicite-da-ja-posetat-bibliotekata-i-da-zemat-kniga-01.jpg

Обично рекле дека вистински професор е оној поради кој дома размислувате за нешто, а сепак немате домашна задача. Секој професор којшто го сретнуваме во училишниот ходник има своја приказна што заслужува да биде слушната. Tаква е и приказната на професорката Даниела Петровска од Битола.

Даниела Петровска е професор по предметот Македонски јазик и литература во една од најдобрите гимназии во Македонија – Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Од нејзиното перо излегле голем број мудри статии, цитати и колумни со кои е особено активна на социјалните мрежи. Дел од нејзината професионална биографија е и книгата „Последниот лист гитарист“ со која го исполни својот сон да издаде книга за деца и млади.

Во интервју за CRNOBELO.com Даниела Петровска говори за својата професија:

Да се биде професор е професија која може да го промени животот на ученикот, па според тоа од каде произлезе вашата љубов кон македонскиот јазик и кон оваа професија?

Растена сум во семејна средина на мајка професор по предметот Македонски јазик и литература и на татко новинар кој секојдневно известуваше за МРТ и за Радио Дојче Веле.

Во тој интелектуален амбиент, сосема спонтано и нормално беше за мене да ја посматрам работата на моите родители и да ја засакам убавата реч.

Кај мене се роди желбата да бидам професор поради тоа што мајка ми постојано раскажуваше за нејзината работна средина и за грижата околу описменувањето на нејзините ученици. Тоа е мисија што секој професор ја носи со себе и ја реализира најдобро што може.

Истовремено, со голема страст го „крадев“ диктафонот на татко ми и „снимав“ свои емисии во кои главни гости ми беа другарите од училиште.

Интересно е што дома имавме библиотека од 4.000 книги за кои јас тврдев дека сите ќе ги прочитам за кратко време. Тогаш бев во основно училиште и знам дека тоа што го посакав и го остварив со текот на времето.

Тие книги не само што ги прочитав, туку нивниот број го зголемив повеќекратно и мојата библиотека денес сигурно има повеќе од 6.000 книги. Значи, љубовта кон јазикот сум ја стекнала кога сум била многу мала и веројатно уште несвесна дека тоа е најблагородната одлика на човекот.

daniela-petrovska-e-nasa-inspirativna-profesorka-najgolem-predizvik_mi-e-da-gi-motiviram-ucenicite-da-ja-posetat-bibliotekata-i-da-zemat-kniga-02_copy.jpg

Колку години работите како професор?

Оваа 2024 година ми е јубилејна кога станува за годините поминати во мојата Гимназија. Во февруари ќе исполнам триесет години работа во ова мое сакано училиште.

Што е она што ве тера секој ден со задоволство да одите на работа и да застанете пред зелената табла, желни да пренесете дел од своето знаење?

Тоа што пред мене има деца кои имаат отворен ум за знаење ме мотивира да чувствувам задоволство при секојдневната работа.

Мотивот е потенцијална енергија што се реализира во конкретна акција при подучувањето.

Секогаш сакам да разговарам со учениците на темите за кои работиме на часовите тековно, но уште повеќе сакам да ги чујам нивните сугестии кои се насочени кон желбата, нешто што е конкретен нивни интерес да се дискутира во неформалниот дел од образовниот процес, главно во воннаставните активности.

Како и да е, формално или неформално, секогаш со жар сакам да го пренесам целото мое знаење кај учениците и да им покажам дека јазикот и литературата се неопходни во создавањето на индивидуата како интелектуална единка која во иднина треба да го гради својот живот, но и животот на нашата татковина.

daniela-petrovska-e-nasa-inspirativna-profesorka-najgolem-predizvik_mi-e-da-gi-motiviram-ucenicite-da-ja-posetat-bibliotekata-i-da-zemat-kniga-03.jpg

Што ви е вам најтешко во вашата професија?

Дигитализацијата во сите сфери на нашето живеење и филозофијата на консумеризмот го направија образовниот систем и процесот на настава помалку атрактивен за учениците.

Оттаму, чинам дека понекогаш е тешко да се мотивираат учениците да пријдат кон информациите низ процес на анализа и синтеза без да ги користат „паметните“ алатки.

Тоа ми се чини е мотив повеќе за секој професор да се вложи себеси во објаснувањето дека животот во училницата може да биде креативен и кога телефоните или компјутерите се во неактивна состојба.

Тогаш всушност може да се развие повеќе емоционалната интелигенција кај учениците која во овој систем на симулакруми е видливо загрозена.

Со кои предизвици се соочувате?

Лично за мене е предизвик да ги уверам учениците дека учебникот не е Библија и дека од него не треба да се учи ништо напамет.

Сакам да ги предизвикам учениците на развивање на чувството на солидарност со другиот; сакам да ја сфатат пораката дека на училиште треба да се развива духот на соработката, а не духот на конкуренцијата, зашто не е секогаш најважно некој да е прв во сѐ и најдобар во сѐ, а притоа не научил да биде сочувствителен и мудар.

Најголем предизвик ми е да ги мотивирам учениците да ја посетат библиотеката и да земат книга што не се интерпретира според наставната програма.

daniela-petrovska-e-nasa-inspirativna-profesorka-najgolem-predizvik_mi-e-da-gi-motiviram-ucenicite-da-ja-posetat-bibliotekata-i-da-zemat-kniga-04.jpg

Дали според Вас учениците доволно читаат задолжителни лектири и книги по избор?

Ако читаа доволно учениците, уверена сум дека ќе ни беа библиотеките и читалниците полни со деца, а книжарниците ќе имаа недостиг од тираж на книги.

Сметам дека недоволно се читаат задолжителните книги и лектири, но сепак тоа е прашање и на поставеноста на професорот кон учениците и неговата „отвореност“ за толеранција на нечитањето, односно за неговата афирмација на читањето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg