Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај нас сè уште постојат предрасуди“

„Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се претвори во челична волја за сите подоцнежни предизвици кои ги имав додека се лекував. Доживеав катарза, бев преморена од тага и очај“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Маја Трајковиќ, една од ретките Македонки која отворено зборува за својата борба со ракот на дојка, а напиша и книга посветена на овој период од нејзиниот живот.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-01.jpg

Маја Трајковиќ од Скопје (48) e професор по француски и италијански јазик, училиштен библиотекар и магистер по менаџмент во образование.

Таа на возраст од само 41 година добила дијагноза „рак на дојка“, а е една од ретките Македонки кои отворено зборуваат за својата борба, чувствата и емоциите со кои се соочуваат онколошките пациенти и нивната борба за животот.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-02_copy.jpg

Маја за својата борба опширно зборуваше во својата прва книга „Пресек“, а во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com открива дека веќе напишала 3 книги, со кои освен што ги ослободува сопствените мисли, тие ѝ помагаат да се ослободи од стравот и неизвесноста што ги носи оваа дијагноза, а сака да им помогне на сите оние кои се соочуваат со слични предизвици во животот.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-13.jpg

Како е да се биде жена, мајка, која самостојно мора да се избори со тешка дијагноза? Каков е третманот на онколошките пациенти во земјава? Но, и со какви предрасуди, за жал, сè уште се соочуваат пациентите додека се борат за сопствениот живот?

Ова се само некои од прашањата на кои Маја се обидува да даде одговор во интервју за CRNOBELO.com.

Проследете го во целост разговорот со Маја во продолжение:

На колку години ви беше дијагностициран рак на дојка? Имавте ли некакви симптоми пред да отидете на преглед, постоеше ли нешто што ве натера веднаш да побарате лекарска помош?

Канцерот на дојка ми беше откриен на 41-годишна возраст.

Немав некакви симптоми, се чувствував убаво и имав повеќе замисли кои не ми беа реализирани поради семејните обврски и натрупаните работни агенди и сакав да ги остварам, бидејќи тогаш и почнаа да се создаваат животни ситуации за нив и можев повеќе да им се посветам.

Со еден збор, можев повеќе да се посветам на себе.

Всушност бев во период кога сакав да реализирам научни истражувања во образованието и да ги исполнам моите животни сништа поврзани со пишувањето, фотографирањето и искачувањето планини.

Немав симптоми, но имав макотрпен живот со многубројни стресови.

Канцерот беше откриен на редовен ехо преглед на дојка, и тогаш кога беше забележана грутката, јас бев сигурна дека станува збор за злокобната болест.

Секако, докторката не размислуваше како мене, а и покрај нејзините смирувања, јас веќе почнав да размислувам дали ќе живеам.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-16.jpg

Кои прегледи ви беа направени пред да ви биде дадена точната дијагноза?

На редовниот ехо преглед ми беше извршена пункција и беше испратен материјал за испитување, за да се разоткрие дали станува збор за бенигно или за малигно заболување.

Чекав една седмица и во таа седмица ги завршував работните обврски најпрофесионално и откако ќе ги завршев, се враќав дома да плачам.

Знаев дека ќе ми се случи мастектомија, не знам, едноставно знаев дека едната града ќе ми биде отсечена и бев загрижена и за женственоста и за животот.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-11.jpg

Која беше вашата реакција кога ви кажаа дека мора да ви биде направена мастектомија? Како се чувствувавте?

Кога докторите ми ја соопштија дијагнозата дека се сомневаат во канцер и во мастектомија и дека треба да се сторат подетални анализи, за да се утврди точната дијагноза, јас не издржав и се расплакав пред нив.

Инаку, човек сум кој не плаче, поточно ретко плаче и пред себе и пред другите, ама мачните размислувања дека секогаш на себе гледав како на предмет, а не како на човек ме расплакаа.

Чувствата, поврзани со безбројни себеоткажувања, мазохистичките пориви и многубројните чувства на вина за моето постоење резултираа со плач.

Никогаш во животот не сум плачела како тогаш, всушност плачев за сè она што можев, а не го правев.

Ги паметам докторите кога ме прашаа дали сум дошла сама и јас им одговорив дека сум сама, мислам дека и тие беа вознемирени од мојата реакција.

Кога излегов од лекарската ординација, одејќи по улица се јавив на мајка ми и ѝ ја кажав лошата вест.

Го почувствував пресекот на животот и затоа и мојата книга поврзана со канцерот беше насловена со „Пресек“.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-18.jpg

Колку време помина од периодот кога ви беше поставена дијагнозата, до операцијата?

Од дијагнозата до операцијата поминаа два дена, се собраа нови лекарски екипи и дијагностицираа дека мора да се изврши мастектомија на десната града и ме прашаа дали ја давам својата согласности за неа и притоа ми ја кажаа дијагнозата дека канцерот се одвива пребрзо и дека морам во најкус можен рок да бидам во болничка постела за операција ако сакам да си го спасам животот.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-10.jpg

Опишете ни како помина операцијата? Што следуваше потоа?

Операцијата помина одлично како и заздравувањето од неа.

Знам дека ќе звучи необично за тие што ќе го читаат интервјуто, ама јас по операцијата го имав најслаткиот сон и кога се будев ја имав насмевката, па дури и тогаш кога ја видов празнотијата на местото каде што имаше града.

Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се претвори во челична волја за сите подоцнежни предизвици кои ги имав додека се лекував.

Доживеав катарза, бев преморена од тага, очај и растргнатоста со постојаното прашање зошто ми се случува болест кога јас јадам здраво и вежбам редовно исчезнуваше.

Ги одминав неубавите мисли и почнав рационално да си ги потврдувам настаните и околностите кои им претходеа, за да се случи губење и враќање на женското здравје.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-12.jpg

Одлучив да не се навраќам и да продолжам да се смирувам. Откако дојдов во мојот дом се приспособував на новите пресудни моменти како што беа: психолошките трауми, физичките вежби, јакнењето на умот и поради нив брзо закрепнував.

Не бев расположена за прошетки, бидејќи кај нас сè уште владее голема предрасуда или, пак, немање сочувство и луѓето кои ме познаваа кога ќе ме видеа оддалеку ја преминуваа улицата од другата страна, за да не се соочат со мене.

Изгубив пријатели, ама јас не тагував по нив и бев толку самоуверена што мислев дека тие ме изгубиле мене како пријателка, а не јас нив.

Сериозна сум дека живееме во општество преполно со предрасуди, во кои и онколошките пациенти кои ги познавав негираа дека примаат онколошки терапии.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-09.jpg

Кој ви беше најголема поддршка додека траеше лекувањето?

Најголемата поддршка си бев јас, бидејќи сама одлучував и сама истражував за подоцнежните промени кои ми се случуваа.

Мојот сопруг беше на теренска работа во Република Српска и отплаќавме станбени кредити за стан и морав да се жртвувам, за да опстоиме како семејство.

Но, и да беше присутен во моето лекување со хемотерапии, јас немаше да ја прифатам неговата поддршка, оти сметав дека морам сама да се изборам и да се пресметам со сите негативни мисли и емоции, кои не беа едноставни и беа исклучителни за разбирање и да ги претворам во благословени добра за мене.

Ја прифаќав суровоста на реалноста, тој мораше да е таму, а јас требаше да бидам поткрепа за нашето семејство и да се грижам за нашите две деца.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-19.jpg

Исто така, моите деца не беа вклучени во моето созревање, беа во пубертет и не сакав да им нанесам трауми кои ќе ги паметат за цел живот.

Ги штитев сите и сè уште ги штитам од себе, па дури и не знаат дека примам хормонски терапии и не знаат ни каде се наоѓа одделот за онкологија.

Сите продолжија со своите животи, бидејќи сакав и јас да продолжам со мојот нов живот.

Мојата поддршка беа пишувањата, физичките и духовните тренинзи, книгите, планината, фотографскиот апарат и молитвата.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg