Охриѓанката Маринела Кошаркоска е тату-артист во Чикаго: „Од дете цртав уметнички дела и икони, сега тетовирам“

„Талентот за цртање го носам во гените од мала. На училиште постојано цртав за различни конкурси, а делата беа наградувани. Пред да ја направам првата тетоважа на човек, вежбав на вештачка кожа, сè до моментот додека не се почувствував подготвено да изработам портрет на татко од неговиот син“, вели охриѓанката Маринела, која работи како тату-артист во САД.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-01.jpg

Маринела Кошаркоска од Охрид, живее во Чикаго, каде што повеќе од 5 години работи како тату-артист. Она што во детството била љубов кон цртањето уметнички слики, графички дизајни и икони, подоцна се претворило во поинаков тип на уметност - тетовирање.

Сето ова почнало откако Маринела се преселила во САД, па сега гради успешна кариера во познатото студио Venture Tattoo во Чикаго.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-02.jpg

За своите искуства, таа раскажа во интервју за CRNOBELO.com:

Колку долго работиш како тату-артист, од каде желбата за оваа професија?

Како тату-артист работам пет и пол години. Талентот и желбата за цртање ги имам уште од најрани години.

Цртав портрети, уметнички слики во разни техники, икони, изработував графички дизајни, но, секако, најмногу се пронајдов во оваа професија.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-03.jpg

Дали тетовираше и пред да се преселиш во Чикаго?

Не, можноста да започнам со тетовирање ја имав првпат овде.

Претходно истражував различни техники, посветено работев на портрети, на уметнички слики на платно и на икони. 

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-04.jpg

Колку е тешко да се пробиеш, но и да се позиционираш на американскиот пазар, бидејќи верувам дека конкуренцијата е многу голема?

Америка е земја каде што можеш да го истакнеш и искористиш талентот.

Точно, конкуренцијата е голема, но кога работиш одговорно, посветено, вредно и со голема љубов кон професијата, успехот е неизбежен. 

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-06.jpg

Имаш ли свој салон за тетовирање или работиш некаде? 

Работам во студиото Venture Tattoo.

Сопственикот на студиото го виде мојот талент на Chicago Tattoo Convention, каде го освоив првото место и така започна нашето пријателство и заедничка соработка.

Тој е многу задоволен од мојата работа и постојано ме охрабрува и ми дава поддршка.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-11.jpg

Како научи да црташ? И колку време вежбаше пред да ја направиш првата тетоважа на човек? На што тренираше?

Талентот за цртање го носам во гените од мала.

На училиште постојано цртав за различни конкурси и теми, делата кои ги испраќав беа наградувани.

Пред да ја направам првата тетоважа на човек, вежбав на вештачка кожа, сè до моментот додека не се почувствував подготвено да изработам портрет на татко од неговиот син.

Тој беше многу среќен и задоволен.

Оваа тетоважа беше услов и да бидам примена на работа, што за мене претставуваше голем успех.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-21.jpg

Колку тетоважи имаш на телото? Дали некоја од нив си ја направила сама?

Имам пет тетоважи. Сè уште не сум направила тетоважа самата на себе.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg