Охриѓанката Маринела Кошаркоска е тату-артист во Чикаго: „Од дете цртав уметнички дела и икони, сега тетовирам“

Која е најкомплицираната тетоважа што ти ја побарал некој?

Секоја тетоважа има различна приказна, како за клиентот, така и за мене како уметник.

Поединечно, не би можела да издвојам комплицирана тетоважа.

Сè зависи од издржливоста и трпението на самиот клиент. 

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-17.jpg

Колку се разликуваат тетоважите што ти ги бараат момците и девојките?

Во основа не се разликуваат многу, освен што можеби девојките некогаш сакаат понежни тетоважи.

Но, станува збор за индивидуален избор.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-12.jpg

Дали прекриваш тетоважи или лузни со нови тетоважи?

Не секогаш прифаќам прекривање на тетоважи и лузни.

Најпрво правиме консултација со клиентот и доколку двајцата се согласиме продолжуваме со следниот чекор.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-05.jpg

Кое е најболното место за тетовирање, а каде боли најмалку ?

Сметам дека искуството повторно е индивидуално бидејќи по природа сите ние различно толерираме болка.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-13.jpg

Дали некој се вратил незадоволен од тетоважата. Ако да, како го решаваш проблемот?

Клиентите најчесто ме избираат бидејќи им се допаѓа мојот стил на работа.

Пред да започнеме со цртање, одржуваме консултации каде што им давам препораки и професионални инструкции за детали кои сметам дека би влијаеле на финалниот резултат.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-19.jpg

Дали ти се случило некогаш некого да одбиеш за тетоважа и зошто?

Во тетовирањето, исто како и во уметноста, има различни стилови, realism, watercolor, illustrative и слично.

Доколку некој клиент побара тетоважа која не е во мојот стил на работа, најчесто му давам препорака да побара некој од моите колеги.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-18.jpg

Кои правила мораш да ги исполнуваш во Америка за да може да ја работиш оваа професија? Се бара ли некој сертификат?

За да работиш како тату-артист потребно е да поседуваш сертификат за завршен Blood borne pathogen training.

По добивањето на сертификатот, се започнува со практична работа во која постојано се учи и усовршува стилот на уметникот.

ohrigjankata-marinela-kosharkoska-e-tatu-artist-vo-chikako-od-dete-crtav-umetnichki-dela-i-ikoni-sega-tetoviram-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји ... „Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу патници позитивно р...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg