Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спијат по цела ноќ“

„Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги хранам двајца по двајца - додека едните пиеја млеко, другите чекаа ред“, вели Благица Зикова за CRNOBELO.com.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-12.jpg

Благица Зикова (29) и нејзиниот сопруг Александар, во октомври 2023 станаа родители на 4 бебиња - ќерката Леонтина и синовите Ведран, Михаил и Теодор.

Штипската четворка, како што ги нарекуваат бебињата од нивното раѓање, веќе има 7 месеци.

Ова време за Благица е најубавото во нејзиниот живот бидејќи иако и претходно била среќна, вели, по раѓањето на децата, нејзиниот живот е комплетен.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-02.jpg

Во овие месеци многупати морала да се носи сама со сите предизвици на мајчинството, па имало и денови кога не спиела повеќе од два часа.

Но, потоа им „го фатила редот“, ги научила сами да пијат млекце и сами да се заспиваат, па секојдневието ѝ станало полесно.

За сите предизвици во овие месеци, Благица ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Поминаа 7 месеци од раѓањето на Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор. Како се снаоѓате денес, споредено со првите денови?

На почетокот ни беше многу тешко додека да се навикнеме ние на нив и тие на нас. Беа многу малечки, бевме во паника и страв како ќе се справиме, бидејќи сепак станува збор за четири бебиња.

За разлика од првите три месеци, сега е полесно, имаме ред и навики, си го знаеме времето кога се пие млеко и кога се спие.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-11.jpg

Имате ли точна рутина - кое бебе се бања прво, како јадат, околу заспивањето?

Сите во исто време пијат млеко или јадат кашичка, а за капење се чека ред, еден по еден. И за заспивање си ги научив сами да си заспиваат без да ги нишкаме.

Си облекуваме пижами, менуваме пелена и сите во 21:00 часот се во креветчињата, си заспиваат со своите мечиња.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-09.jpg

Како успевате да се справите со сите 4 одеднаш? Правите сè сами со сопругот или имате помош?

Како што кажав и на почетокот, имавме големи тешкотии кога ги зедовме од болница. Не знаеја да пијат млеко од шише, па се мачевме додека да се научат.

Три месеци спиев по 2 часа во денот, а понекогаш се случуваше и воопшто да не спијам. Кога имав некој слободен да ме замени, тогаш легнував да одморам и јас.

Потоа, со текот на времето, си стекнав навика и почнав да си барам некои методи за да можат сами да пијат млеко - шишето им го потпирав на перничката и така и сега си пијат млеко.

Поголемиот дел од денот сум сама со нив, па пееме песнички, си играме, пиеме млекце и, секако, понекогаш знаеме и да си поплачеме. Сопругот работи, но кога е слободен ми помага.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-102.jpg

Што ви беше тешко на почетокот, а денес ви е „ко песна“?

Најтешко ми паѓаше тоа што кога бев сама и немаше кој да ми помогне, морав да ги хранам двајца по двајца. Додека едните пиеја млеко, другите чекаа ред.

Особено ноќите ми беа долги, бев уморна и ненаспана. Но, затоа си најдов начин како да пијат истовремено млеко сите и сега е подобро и за нив.

blagica-zikova-majkata-na-shtipskata-chetvorka-troshime-po-25-peleni-na-den-bebinjata-se-mirni-i-spijat-po-cela-nokj-poveke-011_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Ненад Ѓорѓиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дек... „Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се спра...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg