Ненад Ѓорѓиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дека мора да сум силен за нив“

„Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се справиш со сите надворешни влијанија, отсуство на емпатија и изместени вредности“ - вели водителот Ненад Ѓеорѓиевски за својот најголем страв како татко.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-01.jpg

Ненад Ѓорѓиевски долги години е дел од македонскиот медиумски свет. Познатиот водител е секогаш насмеан и ведар без оглед дали го гледате на телевизија, го слушате на радио или сте дружите со него на познатите караоке забави.

Но, Ненад, веќе 9 години гордо го носи и името „татко“, откако на 30 ноември 2015-та се родија неговите близнаци - синот Иво и ќерката Љупка.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-10.jpg

Вели, на почетокот, ни нему, ни на сопругата Горана не им било лесно да се справат со две бебиња одеднаш, но штом поминал тој прв најстресен период, а тие „фатиле“ рутина, работите станале многу поедбоставни.

Денес, близнаците се веќе големи, а Ненад вели дека не може да поверува колку двајцата личат на него физички, но и карактерно.

За тоа како се снаоѓа како татко, тој ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат ги виде синот и ќерката? Какво беше чувството?

Да, многу добро се сеќавам на моментот кога првпат ги видов моите близнаци. Тие се родени предвреме и одреден период беа во инкубатор. Бев полн со емоции - од радост што конечно ги запознав, до страв за нивната здравствена состојба.

Се сеќавам како гледав во нив, тие сè уште мали и ранливи, но имав некоја сила во себе што никогаш не сум ја чувствувал претходно.

Тоа беше момент на чиста љубов, но и на многу грижа. Не можев да престанам да се прашувам дали ќе бидат добро, a знаев дека треба да бидам силен и за нив.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-04.jpg

Кога беа бебиња колку ѝ помагаше на сопругата во обврските со нив - да се избањаат, преоблечат, особено што станува збор за близнаци?

Се знаеше дека ќе има многу работа околу нив, но иако беше предизвик, ние одлично се организиравме.

Помагање околу бањањето, преоблекувањето, хранењето - тоа ми беше секојдневие.

Во првите неколку месеци, мајката на сопругата ни беше од голема помош, но понатаму, па сè до денес, грижата околу нив е исклучиво моја и на Горана.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-11.jpg

Си менувал ли некогаш пелени? Си станувал ли ноќе за да ги заспиеш, нахраниш?

Секако!  Личниот рекорд во бањање и ‘облакање’ на двете бебиња ми беше 7 минути.

Бевме организирани во смени. Мојата еден период беше од 7 попладне до 2 наутро, со цел и сопругата да има време да поспие.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-09.jpg

Дали со од оние татковци што читале или раскажувале приказни или некако си немал време за тоа?

Да! Иако сопругата подобро се снаоѓа во тој дел.

Како го минуваше времето кога децата беа помали, а како денес?

Со оглед на тоа дека сега се веќе на возраст каде што основните обврски и потреби околу нив се сведени на минимум (кога ги нема пелените и самите можат да јадат сè е полесно) имам повеќе време за работни обврски и дополнителни активности.

А што се однесува до времето што го минувам со нив, секогаш гледам тоа да е сосема доволно за да можам да се радувам, играм и уживам со нив.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-05.jpg

Си ги носел ли некогаш сам во парк, во зоолошка, па дури и во кафуле на сокче? Како си се снашол во тие ситуации, оти мали деца па ќе им се пријаде, жедни се, сакаат во тоалет, а веќе не носат пелена...?

Претежно секаде сме заедно со сопругата, па немало многу можности да се најдам во таква ситуација.

Не е проблемот во наброените потреби и барања, туку двајцата немаат секогаш исти потреби, а посебно е проблем кога на Љупка ѝ се оди во тоалет, а тој да е јавен тоалет.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg