Ненад Ѓорѓиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дека мора да сум силен за нив“

Со кого имаат децата поблизок однос, со тебе или со мајка им? Со кого делат тајни?

Па, јас сум лошиот полицаец, ха, ха. Се шалам! Иако имаме многу близок однос и секогаш си зборуваме како другари, мислам дека мајка им е поголем другар.

Таа најчесто ги утешува и им дава простор да се отворат.

Јас сум повеќе оној кој поставува правила и граници, додека мајка им е помека.

Но, секако, ние двајцата имаме многу добар однос и секогаш се потпираат на нас, само на различни начини.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-08.JPEG

Полесно е да се биде татко на девојче или на момче? Колку се разликуваат еден од друг и со кого се снаоѓаш/справуваш/разбираш полесно?

Нема полесно или потешко, тоа не е работа, туку нешто што е секојдневие за кое правиш сè во животот.

Скроз се различни, но добро се справувам и во фудбал и во танц, и во Фортнајт и во Симс.

Кога ќе ги поставиш границите, обврските и воспитувањето на време, подоцна нема никакви потешкотии за меѓусебно разбирање, комуникација и слога.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-13.jpg

А што е со училишните обврски? Имаш ли време да седнеш да учиш со децата или тоа го оставаш на Горана?

Со оглед на моите обврски, тоа не можам да го правам, па Горана е задолжена за училишните обврски.

Но, но се вклучувам кога треба да се прават проекти и најразлични дополнителни креативни активности.

Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?

Па, веројатно кога од брзање сум им помешал облека.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-07.jpg

Мислиш ли дека со сопругата успевате да ги воспитате децата правилно, онака како што сакате, и дека им всадивте некои убави животни вредности?

Мислам дека со сопругата се трудиме да ги воспитаме децата како што треба -  ги учиме на љубов, почит и вредности што се важни.

Но, искрено, понекогаш се плашам.

Овие времиња се многу комплицирани со сè поголемото отсуство на емпатија и сите тие изместени вредности.

Не е лесно да ги прилагодиш на денешниот свет, особено со сè што се случува околу нив.

Се трудам да ги научам како да бидат добри луѓе, но не е лесно да се справиш со сите надворешни влијанија.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-14.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на своите деца? Кај кого повеќе?

Нескромно ќе кажам и двајцата се како моја копија!

Освен изгледот, препознавам мои особини кај нив.

Некогаш си велам: „Како можат да бидат толку слични на мене?

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-06.jpg

Кој ги бираше имињата на децата?

Уште пред да се родат, со Горана се договоривме таа да го одбере името на девојчето, а јас на момчето.

Љупка е нејзина желба, а Иво мој избор.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-12.JPG

Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?

Најубавата работа е тоа што секојдневно ми го прават животот поубав.

Ги гледам како растат, како учат нови работи и како се развиваат, и тоа чувство на гордост и љубов е незаменливо.

Но, најстресната страна е денешната реалност.

Ме фаќа паника кога гледам како многу деца се препуштени на технологијата и ТикТок, без доволно внимание од родителите, изгубени во виртуелниот свет, без вистинска врска со луѓето околу нив.

Во ова изместено време, не можам да не се плашам како ќе влијае ова на моите деца и каков ќе биде нивниот свет кога ќе пораснат.

nenad-gjorgjievski-za-tatkovstvoto-vo-brzanje-sum-ja-pomeshal-oblekata-na-sinot-i-kjerkata-za-7-minuti-gi-imam-iskapeno-dvajcata-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg