Лепа од Скопје е „докторка“ за орхидеи: „Имам над 70 саксии, ги туширам редовно со млака вода“

Лепа К. Тагасовска од Скопје, по професија дипломиран економист по бизнис менаџмент, до минатата година работела во банка. Го напушта банкарскиот сектор и комплетно се посветува на нејзината голема љубов – орхидеите.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-01.jpg

Започнува и свој „rehab and beauty“ центар за орхидеи каде што ги опоравува цветовите на своите клиенти: „Ги пресадувам, им давам соодветни третмани во зависност од состојбата на орхидејата со витамини, хормонски пасти за раст, еликсири, шум таблетки.“  

„Со цвеќињата сум во контакт од мали нозе, моите имаа огромни пластеници каде што произведуваа цвеќе: крин, гербер, гладиоли и каранфили, но љубовта кон орхидеите е од 2016.

Виновникот е искрено мојот сопруг кој ми ги подари првите 4 орхидеи и почнав полека да истражувам околу нивната грижа.

Сега сум колекционер на над 70 орхидеи само од видот Phalaenopsis, од кои имам и неколку мини орхидеи, 10-тина различни видови на Cambria и Dendrobium и Oncidium“.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-005.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, Лепа открива нешто повеќе за нејзината голема љубов:

Да почнеме од најосновните информации – колку видови орхидеи се достапни кај нас? Колкупати во годината цветаат и колку би требало да трае цветот?

Искрено многу малку, во последниве неколку години можеби некако успеваат да се донесат некои нови видови, меѓутоа поради специфичноста на нивниот транспорт и одгледување и не се нафаќаат да ги носат. Јас сум во преговори со добавувачи лично за мене да ми донесат некои видови, но ќе видиме.

Сум имала на лекување една орхидеја од поредок вид, тоа е Odontoglosuum.

Ги имам сретнато кај колекционери и Paphiopedilum, Vanda, Miltonia, Cymbidium, но на местата кај што се продаваат орхидеи најчести се Phalaenopsis.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-26.jpg

Цветањето зависи од повеќе фактори: од видот, прихраната, светлината, наводнувањето... Имаме орхидеи кои цветаат после 5 години и цветовите им траат само неколку дена.

Меѓутоа, доколку станува збор за Phalaenopsis (најпознатите и чести кај нас), цветовите може да траат и 8-9 месеци и тие цветаат еднаш во годината. Можно е и да го држат цветот два-три месеци, па да цветаат двапати годишно.

Кое е идеалното место каде што треба да се чуваат? Дали мора да бидат во проѕирни саксии?

Идеалното место е кај што имаат светлина, но не директна зошто во лето ќе биде проблем од горење, но бараат многу светлина.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-27.jpg

Најчестите грешки настануваат со изборот на саксија и супстрати.  Ако станува збор за Phalaenopsis-от, треба да се пресадува во проѕирни саксии за корените да имаат светлина, но тоа не е за секој вид.

На пример Dendrobium, Cymbidium, Cattleya, Oncidium и слично што имаат друг тип корени, треба да бидат заштитени од сончева светлина и треба да се засадени во непроѕирни саксии.

Исто така, многу е важен изборот на супстратите, не се става обична земја, си има посебна земја за нив, но доколку се во можност да набават и други супстрати како борова кора, глинопор, перлит и слично би било идеално.

Така ќе има добра дренажа, простор за растење на нови корења и распоредување на кислородот во саксијата.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-15.jpg

Колку често се става вода и по колку, дали треба да биде водата стоена? Дали се става вода во саксијата или во чинивче?

Во зависност од периодот. Во зима на 10 до 14 дена, во летен период на 7 до 10 дена. Сепак, треба да се обрне внимание на самите корени.

Доколку добиваат сивкаста боја значи дека им е време за наводнување, доколку се зелени сѐ уште имаат влага и треба да се почека уште некој ден. Може да се направи контра ефект и да дојде до скапување на корените, па и на самата круна.

Отстоена вода се користи кога во подрачјето кај што се живее има висок степен на хлор или железо, кај нас водата е одлична, нема потреба.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-16.jpg

На следната страница дознајте дали треба да се става мраз во саксијата и како подолго да се одржи цветот...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg