Лепа од Скопје е „докторка“ за орхидеи: „Имам над 70 саксии, ги туширам редовно со млака вода“

Има ли вистина дека за побрзо да процвета, треба да се става мраз во саксијата или има можеби има некој друг начин?

О не, никако мраз. Тоа е таков шок за нив, што само може да направи штета.

За нив треба постојана топла температура, јас дури и кога ги туширам ти туширам со млака вода.

За да процветаат побрзо треба да се потхранат со прихрана што е наменета за таа фаза.

Во секој стадиум на орхидејата си има посебни прихрани.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-21.jpg

Дали е неопходно туширање на орхидеите и како изгледа овој процес, колку често треба да се прави? 

Јас за моите орхидеи немам друг начин на наводнување освен туширање. Тоа е од почетокот на 2016-та, па до ден денес, и немам ниту една уништено.

Важно е при туширањето да не се остава водата на последните два горни листови.

Доколку тоа го забележите, со памук соберете ја водата.  

Се разбира дека освен туширање се додаваат и потребните прихрани за време на наводнувањето, во зависност од потребата на самата орхидеја. Во зимскиот период на 10 до 14 дена, летен период на 7 до 10 дена.

Јас ги туширам орхидеите во поголема саксија, оставам да отстојат 10-15 минути и тоа е тоа. Тоа е мојот метод со години.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-24.jpg

Дали има потреба од пресадување и кога?

Се разбира. Тука ја проверувате состојбата на корените во внатрешноста и состојбата на круната. Доколку, пак, е заразена од штетници, морално е да се смени цел супстрат.

Важно е да се знае дека се пресадува САМО откако ќе прецвета орхидејата.

Секако дека може да има и последици после пресадување, можеби ќе пожолти некој лист, или ќе почне да се суши некоја гранка, но тоа не е толку страшно.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-12.jpg

Тука самата орхидеја ни покажува што ѝ е вишок и си го отстранува тоа што и е непотребно, па се спрема за наредна фаза на растење.

Стабилизација после пресадување е од 1 до 6 месеци, зависи каква е состојбата на самата орхидеја.

Раскажете ни малку повеќе околу прихраната –  дали сами подготвувате, колку често треба да се прави прихрана на земјата? 

Кај нас на пазарот сме ограничени со два-три вида на прихрана. Си има посебна прихрана за нив која е дозирана и концентрирана и е послаба од прихраните за другите цвеќиња.

Јас успевам да ги набавам од странство и се многу поквалитетни.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-09.jpg

Си правам и дома сама прихрани, од алое, цимет, лимон, лук, сода...

Сепак, треба да се знае и размерот со вода, зошто, пак ќе кажам, подобро е послаба прихрана, отколку да ги „изгорите“ од јака прихрана.

Дали се опасни или штетни доколку се на дофат на деца и животни?

Апсолутно не. Имам дете, бебе и куче. Затоа и најчесто си ги правам тие домашни прихрани, но и другите што ги користам, најчесто гледам да се органски ѓубрива.

Сепак, јас на син ми му дозволувам од 3 години (сега е 5 ипол) со мене да пресадува, ги тушираме заедно, ги местиме на полица заедно. Така што, треба да се внимава, но јас ги учам да ги чуваат и негуваат орхидеите.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-03.jpg

Кога треба да се поткратат и во кој дел се крати орхидејата?

Доколку станува збор за цветната гранка, се сече исушениот дел, или делот којшто веќе почнал да жолтее.

Некои ја сечат директно цела цветна гранка, но јас користам хормонска паста која се става на окцињата и почнуваат да растат нови цветни гранки.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-18.jpg

Доколку станува збор за листовите т.е. на заразени листови, треба да се остави простор од заразеното до местото на засекот два до три прста простор.

Дали може да се оживее овената и исушена орхидеја?

Моментално имам баш две такви орхидеи на лекување. Едната е веќе неколку месеци и почнат е процесот на заздравување и зацврстување на листовите и расте нова цветна гранка, а другата е од пред неполн месец и сѐ уште ми е во „инкубатор“, но и таа напредува.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-20.jpg

Потребно е многу трпение, време и љубов. Некои опоравувања траат и по цела година, но ако сте упорни сигурно ќе ви ја возврати љубовта.

Како да се спречи брзото сушење и паѓање на цветовите?

Со прихрана во фаза на цветање. Пак ќе напомнам дека во секоја фаза од орхидејата има посебна прихрана.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-04.jpg

Во една има повеќе калциум, во друга повеќе фосфор...

Затоа се користат и тие прихрани, еликсири и слично за задржување на долготрајност на цветовите.

Раскажете ни повеќе за вашиот „rehab and beauty“ центар за орхидеи – што точно правите за вашите клиенти? 

Кога ќе ми ги донесат орхидеите, ги оставам на место коешто ми испланирано за нив во работилницата. Секогаш се одделени едни од други од различни клиенти.

Иако заразените ми стојат во сосема друга просторија и се одделени од здрави, јас сепак си правам превентива.

Потоа, неколку дена им оставам простор за адаптација.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-14.jpg

Почнува процесот на пресадување и во комуникација сум со клиентот за тоа што правам и во која состојба е орхидејата и што да очекуваме во врска со напредокот.

Кај мене се околу две недели, но доколку не е добра орхидејата, ја задржувам и подолго време додека не ја опоравам.

Имам неколку орхидеи што се кај мене скоро половина година и толку многу си ги засакав како мои. Да, имам работа, со оглед на тоа што и моите бараат доста време, искрено треба многу организација и шема, особено кога е време за наводнување.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-23_copy.jpg

Станувам рано, го пијам кафето во нивно друштво, почнувам со пресадување или наводнување и доколку имам доста работа или други обврски преку ден, знам да заглавам до 2 по полноќ со нив, но не ми е мака воопшто, јас уживам и сум полна со љубов и енергија и наредниот ден. 

Кои се најчестите грешки што ги прават оние кои се обраќаат кај вас при одгледување на орхидеи?

Најчестите грешки се лошата земја, лош избор на саксија т.е непровидна, премногу наводнување...

Сето тоа придонесува да дојде до скапување на корените, круната, дехидрираат листовите, жолтеат цветните гранки...

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-06.jpg

Има доста што ги сечат воздушестите корења, а тие се второто срце, играат важна улога во детектирањето на температурата и влажноста во и надвор од саксијата. Доста ми донесоа минатово лето и со изгореници на листовите од сонце.

lepa-od-skopje-e-doktorka-za-orhidei-imam-nad-70-saksii-gi-tusiram-redovno-so-mlaka-voda-05.jpg

Сепак, јас им давам и совети за понатаму како да продолжат да се грижат откако ќе си ги подигнат орхидеите.

Лепа може да ја контактирате преку нејзиниот Инстаграм профил - „Орхидеите се љубов“.

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg