Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“

„Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум препознатлив како гајдаџија. Моето село е препознатливо по овој инструмент, на времето имало многу гајдаџии од каде и по името на нашето село, потекнува познатата Ињевска гајда“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Дарко Коцев, Македонец кој живее во Германија, a како етно музичар настапува на голем број свадби и веселби.

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-01.jpg

Дарко Коцев (29) од радовишкото село Ињево е еден од ретките млади луѓе кој свири на традиционални македонски музички инструменти. Денес живее во Дизелдорф, Германија, а често настапува на свадбите и веселбите во Македонија, но и на Македонците во странство.

„Големата љубов кон музиката и желбата за работење на истата се доказ дека километрите се само бројка која не го попречува моето присуство на македонските свадби и прослави како во Македонија така и низ цела Европа“ – вели тој.

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-02.jpg

Додека повеќето млади се заинтересирани за виолина, гитара и пијано, Дарко обожава да креира музика на гајда, кавал, зурла, а на профилите на своите социјални мрежи често споделува видеа од музиката што ја создава.

Со Дарко разговаравме за тоа од каде потекнува неговиот интерес за традиционалните музички инструменти, а тој ни ја раскажа приказната како уште како мало момче ја имал таа чест занаетот да го научи од неговиот дедо.

Ни раскажа со кои предизвици се соочува како музичар, но и се обиде да ни објасни каков инструмент е гајдата.

Во продолжение, следува целото интервју со Дарко:

На кои народни инструменти свириш и од каде интересот за да почнеш да свириш на нив?

Ги свирам сите македонски народни инструменти: гајда, кавал, зурла, тамбура, ќемане и тапан, но сепак, во Македонија сум препознатлив како гајдаџија.

Гајдата е инструментот со кој започнува сè.

Мојот дедо исто така свиреше на гајда, од каде и доаѓа љубовта кон овој инструмент. Уште на 5-годишна возраст, како прво почнав да си играм со гајдата и после тоа започна сè.

Моето село е препознатливо по гајдата, на времето имало многу гајдаџии од каде и по името на нашето село, потекнува и познатата Ињевска гајда.

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-03.jpg

Се сеќаваш ли на своето прво искуство со гајдата? Колку време ти требаше за да ја сфатиш техниката на свирење?

Како прво мое искуство ќе споделам една интересна приказна. Бидејќи бев премногу мал, не можев сам да го надувам мевот на гајдата, но тука беше мојот дедо…

Тој го дуваше, а јас свирев на гајдарката.

Гајдата беше дел од секојдневието во нашата куќа, односно мојот дедо ја свиреше многу често, така што не ми беше потребен долг период за да ја сфатам и усовршам техниката.

Се наоѓаат ли лесно народни инструменти во Македонија? Колку чини да купиш една гајда, кавал и слично и кој е најскапиот инструмент?

За жал, македонските народни инструменти сè поретко и поретко ќе можеме да ги пронајдеме бидејќи имаме само двајца мајстори кои во своите пензионерски години сè уште се занимаваат со изработувањето на истите.

Цената на македонските народни инструменти зависи од староста на инструментот, односно колку постар е инструментот - неговата цена е поголема.

Една новоизработена гајда чини од 300 до 500 евра, а како најскап народен инструмент можеме да ја нагласиме зурлата.

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-06.jpg

Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за гајдата како инструмент? Од што е изработена, потребни ли се посебни подготовки за да може да се свири на неа? Како треба да се одржува за да трае подолго?

Како прво, да нагласиме дека гајдата е дувачки инструмент кој е составен од: мев кој е изработен од природна кожа (овча или козја), гајдарка – таа е главниот дел на гајдата на која се свири и самата мелодија, бучало (рог) – самото име ја кажува неговата функција, тој е пратечки звук (бурдон) на гајдарката кој испушта само еден тон, дувало – тоа е делот од кој се дува мевот на гајдата и слагар, односно делот којшто ја слага гајдарката.

Гајдарката, дувалото, рогот и слагарчето се изработуваат претежно од дрвото зеленика, а одржувањето на овој инструмент подразбира негување на мевот и на самото дрво.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сузана Гавазова за родната Сушица: „До 30 години живеев во селото со моите родители, се гордеам што ... „Јас бев срамежлива девојка, но имав голема поддршка од моите соселани кои силно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg