Сузана Гавазова за родната Сушица: „До 30 години живеев во селото со моите родители, се гордеам што сум родена таму“

„Јас бев срамежлива девојка, но имав голема поддршка од моите соселани кои силно ме бодреа, па така станав пејачка. Затоа сакам и денес да ги направам горди сушичани, да се фалат и гордеат со мене“, открива фолк-пејачката Сузана Гавазова во серијалот „За мојот роден крај“ за CRNOBELO.com.

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-01.jpg

Фолк-пејачката Сузана Гавазова е една од најпознатите струмичанки кај нас. Но, таа вели дека иако денес живее во Струмица, сепак до својата 30-та година живеела во селото Сушица, со своите родители.

Па и денес кога ќе ја прашаат за нејзиното родно место, таа со многу љубов и гордост раскажува за ова струмичко село.

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-03.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Сузана ни раскажа неколку интересни работи за себе и за селото од каде што потекнува:

„Родена сум во селото Ново село, струмичко. На 21.12.1979 пред 44 години се слушна мојот глас во болницата во Ново село и сите уште тогаш рекле ‘оваа ќе биде пејачка’.

Цела болница ечела и само јас сум плачела нонстоп.

Уште како бебе сум била борбена и неуморна!

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-04.jpg

До 30 години живеев со моите родители во село Сушица, па и ден денес кога ќе ме праша некој од каде сум, им одговарам дека сум од село Сушица.

За мене моето родно село е посебно затоа што таму израснав, таму ги стекнав моите први другарки и другари, таму се случија првите симпатии, моите први љубовни рани, ама и првиот настап пред публика, на кој добив громогласен, силен и искрен аплауз.

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-12.jpg

 Селото Сушица беше едно сложно село за кој важеше фразата „Еден за сите, сите за еден“.

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-07.jpg

Јас бев срамежлива девојка, но имав голема поддршка од моите соселани кои силно ме бодреа, па така станав пејачка, а за нив и ден денес пеам и творам.

Сакам и денес да ги направам горди сушичани, и нормално, да се фалат и гордеат со мене.

suzana-gavazova-za-rodnata-sushica-do-30-godini-zhiveev-vo-seloto-so-moite-roditeli-se-gordeam-shto-sum-rodena-tamu-15.jpg

Од селото Сушица имаат излезено многу талентирани луѓе - успешни каскадери, глумци, успешни фудбалери, писатели, доктори, фотографи, уметници, музичари, пејачи.

Толку талентирани и добри луѓе на едно место, на кои сум и јас горда, а и горда што сум од Сушица.

Селото има историја, има посебен дух и секогаш кога одам таму се полнам со енергија, со сила и моќ.

Повеќе фотографии од Сузана и селото Сушица на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg