Запознајте ја Андријана Илиоска - една од најубавите Македонки, која нè прави горди пред светот (фото)

„Првата фотосесија беше на мои 14 години. Тогаш првпат бев на кастинг и бев одбрана да бидам заштитно лице на детското списание 'Наш Свет',“ вели Андријана Илиоска за CRNOBELO.com - македонски модел кој 7 години гради успешна интернационална кариера. Од Милано до Кина, Андријана е доказ дека за убавината на македонските жени надалеку се слуша...

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-01_copy.jpg

Андријана Илиоска (23) од Скопје е еден од најангажираните македонски модели во странство.

По годините поминати со работа во Италија, оваа млада девојка сега е во Кина, каде што ќе остане до септември. Иако е таму од неодамна, Андријана веќе го освојува азискиот пазар и добива многу пофалби за својата работа.

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-03_copy.jpg

Андријана со моделинг се занимава од 16-годишна воздраст, иако првиот платен моден ангажман го имала на 14 години, а сликала детска долна облека за македонски бренд.

И покрај тоа што е постојано на релација Македонија – Италија, Андријана е студент на факултетот „Гоце Делчев“, на одделот Бизнис логистика, а студиите ѝ одат одлично.

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-13_copy.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, Андријана раскажува за својата досегашна кариера и искуство во светот на модата: 

Ти си една од најангажираните македонски манекенки и модели и во моментов си во Кина. Што те одведе таму?

Да, моментално сум во Кина, тука работам како модел. Имам договор од 3 месеци, што значи дека ќе бидам тука до септември. 

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-21.jpg

Како всушност се случи твоето заминување во Азија?

Досега работев и живеев во Милано, но пред извесно време добив понуда од агенцијата M2Models во Кина.

Кина отсекогаш била дестинација којашто сум сакала да ја посетам, па оваа понуда ми делуваше како супер можност да стекнам искуство во моделингот дури и на друг континент.

zapoznajte-ja-andrijana-ilioska-edna-od-najubavite-makedonki-koja-ne-pravi-gordi-pred-svetot-foto-04.jpg

Тука сум скоро еден месец.

Па, покрај многубројните кастинзи што ги имам секојдневно, досега веќе имав неколку ангажмани - фотосесија за спортска опрема за брендот Elle Active Korea, новата колекција на долна облека за брендот Shein, елегантни фустани за Vida Cotuture, а имав фотосесија и за перики за брендот Haircube и новата колекција за брендот Micas.

Веќе имам закажано уште неколку фотосесии кои ќе се реализираат деновиве.  

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-04.jpg

Како почна твојата кариера? Некој те откри или сама сакаше да бидеш модел/манекенка?

Љубовта кон моделингот ја имам од најрана возраст, а мојата прва фотосесија беше на мои 14 години.

Тогаш првпат бев на кастинг и бев одбрана да бидам заштитно лице на детското списание „Наш Свет“.

На кастингот се пријавив сама, и во конкуренција од повеќе од 50 девојчиња, бев избрана да бидам заштитно лице во текот на целата година. 

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-04_copy_copy_copy.jpg

Mojoт прв платен ангажман, беше фотосесија за детска долна облека за Тритекс 2014.

И таму се пријавив на отворен кастинг и имав среќа токму јас да ја сликам нивата колекција на долна облека за деца. 

Подоцна на мои 16 години започнав посериозно да се занимавам со моделинг и да патувам и надвор од Македонија.

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-05_copy_copy.jpg

Моето прво патување надвор од Македонија  беше во соседна Грција, се работеше за тест фотосесија која што беше во соработка со македонски фотограф. 

Подоцна почнав да патувам и на избори за убавина каде што ја претставував нашата држава на повеќе од 20 интернационални избори ширум светот, како што се Италија, Кипар, Турција, Србија, Бејрут, Хрватска, Египет, Виена, Албанија. 

modelot-andrijana-ilioska-ja-osvojuva-azija-ushte-prvata-nedela-vo-kina-imav-fotosesija-za-poznat-brend-02_copy_copy.jpg 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg