Запознајте ја Андријана Илиоска - една од најубавите Македонки, која нè прави горди пред светот (фото)
Ти немаш матична агенција во Македонија, туку работиш со миланска модна агенција. Зошто? Дали некогаш си соработувала со македонски агенции?
Повеќе од 1 година сум член на модната агенција E2Models која се наоѓа во Милано.
Соработката со нив испадна сосема случајно. Веќе подолго време меѓусебно се следевме на социјалните мрежи и интересно е што дента кога одлучив да ги контактирам и да им испратам портфолио од мои фотографии, тие ми кажаа дека веќе го забележале мојот профил.
Веднаш потоа имавме онлајн состанок и за околу еден месец веќе имав договор со нив и се преселив во Милано.
Пресреќна сум што сум дел од E2Models семејството и благодарна сум за сè што направиле за мене во изминатава година.
А во Македонија работам како фриленсер, бидејќи веќе добро се познавам со сите клиенти со коишто соработувам.
Што сè имаш работено во кариерата? Која ти е некоја омилена ревија или фотосесија што ти останале во сеќавање и на кои си горда?
Буквално сум горда на сè што сум направила во мојата кариера.
Секој ангажман си има посебно место во моето срце, бидејќи секоја фотосесија или ревија е ново искуство за мене.
Секогаш учам нешто ново и запознавам нови луѓе.
Но ете, кога би требала да одвојам неколку ангажмани кои ми оставиле посебен впечаток тоа би биле, учеството на модниот викенд во Дубаи, фотосесијата за Max Mara во Милано, соработката со Calzedonia Group, ревиите за долна облека на Tezeniss и Intimissimi, учевството на модниот викенд во Милано, како и ревијата за свечени фустани и венчаници на Atelier Eme.
Тие што те следат на социјалните мрежи знаат дека си многу горда на својот брат, Бобан Илијоски, кој е борач... Како му оди нему кариерата, колку е успешен? И колкава поддршка сте си еден на друг во кариерите?
Тоа што го имам Бобан како мој брат е најголемиот подарок од Господ. Не се опишува со зборови љубовта и поддршката која што си ја даваме еден на друг.
Мојот брат е мојата најголема мотивација во животот, секојдневно се инспирирам и се гордеам на тоа каков човек е и колку многу вложува во себе и во спортот со кој се занимава.
Покрај многубројните успеси, во ноември 2022 година се закити со злато на Европското првенство каде што совлада 3 искусни борци во неговата категорија.
Потоа следеше турнирот Arena Fight Nights каде што преку елиминации, во една вечер се натпреваруваа најдобрите борци од балканот.
Боби извојува три победи против тројца борци од Босна, Црна Гора и Хрватска.
Во моментов се подготвува за предизвиците што следат во иднина.
Погледнете повеќе фотографии од Андријана Илиоска: