Вања Головски, најдобар бармен во Македонија: „Скопје е пример за добра забава, бармените одат во странство за повеќе пари“

„Кај мене дома во секое време има состојки за коктели. Пријателите што ми доаѓаат на гости, не само што очекуваат, туку знаат дека тука ќе добијат коктел по свој вкус. Валута за влез е ќеса мраз и некој лимон или лајм“, вели Вања Головски, најдобриот бармен во Македонија за 2023.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-01.jpg

Вања Головски (28) од Скопје, веќе 9 години работи како професионален бармен. Тој е избран за најдобар бармен во Македонија за 2023, а за CRNOBELO.com вели дека тајната е во новиот микс на вкусови кои ги имплементирал во добропознатите класични коктели.

Тој со многу љубов зборува за својата професија. Ни откри дека од текила најлесно можеш да се опиеш, но и дали му се пуштаат (пијани) девојки на шанк.

Ни кажа и дека е холивудски мит дека бармените се психолози кои ги слушаат проблемите на гостите, потоа сподели која е најзабавната приказна што му ја раскажал некој на шанк, но и дали иако е официјално најдобар во својата професија постојат луѓе на кои не им се допаѓаат неговите коктели.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-04.jpg

Прочитајте го интервјуто на Вања, кој има рецепт за добар ноќен живот во Скопје, но и кои се местата каде што тој сака да испие добар коктел:

Избран си за најдобар бармен на Македонија за 2023 година. Што те издвои од останатите, па ја освои оваа титула?

Секое првенство е различно, без разлика на правилата. Оваа година комбинацијата на вкусови во коктелите кои ги имав подготвено успеаја да ги освојат непцата на сите судии и гости.

Коктелите беа базирани на модерна миксологија, но итро имплементирани во класични рецепти.

Како победник од Македонија, во ноември ќе заминам на Светското првенство за бармени во Рим, кое ќе биде прво за мене.

Се подготвувам систематично, што значи дека сите делови ги работам засебно и ги унапредувам.

Потребно е да се биде искрен со себе и да работам на слабостите за да ги претворам во мои предности за да победам.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-15_copy.jpg

Како се станува добар бармен или коктел мајстор. Дали е ова нешто што се учи или треба да имаш талент и чувство за тоа што оди во комбинација најдобро со што?

Треба да си растен со многу квалитетна и разноврсна храна, да ги уживаш вкусовите, да ги разликуваш, но да не претеруваш - односно бидеш умерен.

Јас имав среќа да израснам во семејство каде домашните рецепти се правени со љубов без нужно да се прати слепо рецептот, туку тој да трпи измени и да се остави свој печат секојпат, макар тоа и да не е најдоброто во моментот.

Но, тоа е потребно за да се увиди грешката.

Така е и со коктелите. Во мојата „програма“ е вметнато пробувањето, експериментирањето и љубовта кон подготовката.

Кога ќе се присвои тој став, барменот се разликува само во техничката способност за подготовка на коктелите.

А таа, всушност, е клучна за рецептите да бидат привлечни за гостите, да дојдат на шанк и да бидат воодушевени.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-09.jpg

Иако си официјално најдобриот бармен кај нас, добиваш ли поплаки од луѓе дека не им се допаднал некој коктел или некоја слична забелешка?

Не се случува често да имам замерка, но да, и тоа постои.

И сосема е нормално бидејќи се работи за вкусови, а вистинскиот бармен треба да умее да го погоди вкусот, брзо и врз основа на лимитираниот број информации за гостинот.

Во таа брзина се случуваат грешки, но со идентификување на тие грешки, поблиску сме до креирање нечие совршенство.

Притоа, јас ги обожавам тие ситуации бидејќи така знам дека публиката е жива, а целиот процес е многу повозбудлив.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-13.jpg

Кој е твојот signature (препознатлив) коктел, имаш ли такво нешто по што те препознаваат?

Имам повеќе мои авторски коктели кои го означуваат мојот раст низ годините.

Не ме препознаваат по еден коктел, туку по многу добар провод, поради што најчесто и се гости на шанк.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-06.jpg

Дали во твојот дом во секое време може да се најдат состојки за добар коктел? И дали пријателите очекуваат во секое време кога ќе ти дојдат на гости да имаш сè за да си побараат да им подготвиш коктел, исто како да се седнати во кафуле?

Во секое време. Дома се и најдобрите коктели. Тука го креирам она за што сум наградуван.

Пријателите не очекуваат, туку знаат.

Валута за влез е ќесе мраз и некој лимон или лајм.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-02_copy.jpg

Според тебе топ 3 коктели?

Фјака, Дајкири и Негрони.

vanja-golovski-najdobar-barmen-vo-makedonija-najlesno-se-opiva-so-tekila-ponekogash-mi-se-pushtaat-pijani-devojki-17_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg