Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Македонија“

Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг, познат угостител од Скопје, живее и работи во Германија со двете деца, но вели дека враќањето во Македонија секогаш им е опција. „Ме нервира што Германците се многу ‘ладна’ нација и воопшто немаат време за социјален живот“, вели Сања Лефкова (37) oд Кочани.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-01.jpg

Сања Лефкова (37) oд Кочани, на која потоа Скопје ѝ стана дом, каде и градеше музичка кариера, денес живее во Дортмунд, Германија.

Таа 10 години е во брак со Мики Христов од Скопје со кого има две деца, Никола (9) и Лукас (6).  Парот веќе 8 години живее и работи во Германија.

Сања е професор по музика во Дортмунд.

Taa на јавноста ѝ стана позната по музичкото шоу „Плеј потрага по ѕвезди“,  а зад себе има низа музички остварувања, како „Лијат години“, „Ми требаш“, „Пауза па плеј“, „Животот е твој“, „Отров и лек“,“ Заборави ме“, „Среќа“...

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-30.jpg

За CRNOBELO.com споделува детали за животот во Германија:

Колку време живееш во Германија и како се одлучи на ваков чекор? Зошто токму Германија?

Никогаш не се знае каде ќе те однесе судбината. Јас, како мала, имам живеено во Германија со моите родители, но на 6-годишна возраст сме се вратиле назад во Македонија.

Да, Македонија секогаш ќе ни биде земја којашто најмногу ја сакаме и се чувствуваме свои, поради тоа секогаш каде и да сме се враќаме во неа назад.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-31.jpg

Одлуката на мене и сопругот да се преселиме ни беше тешка и еве по 8 години живеење во странство, сè уште не можам да кажам со сигурност дали сме донеле правилна одлука.

Прво живеевме во Лондон и не се пронајдовме да живееме таму со мало дете, особено пред еуфоријата кога Велика Британија требаше да се одвои од Европска Унија, за разлика од Германија каде што за фамилијарни луѓе е подобро и секако дека ми беше познато, зошто доста и настапував претходно на концерти тука.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-27.jpg

Дали и таму живееш од музика? Настапуваш ли, се заработува ли добро?

Да, работам во музичко училиште во Дортмунд и предавам пеење, клавир, солфеж и теорија на музиката.

Работам со мали дечиња од 5-годишна возраст и повозрасни ученици. Имам настапи низ цела Германија, Франција, Белгија и Холандија.

Пејам претежно англиски и германски песни, но имам и доста настапи кај наши Македонци, каде што репертоарот ми е од забавни до наши познати народни песни.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-17.jpg

Ајде да се вратиме малку наназад, како започна твојата музичка кариера?

Започнав да пејам уште во забавиште и талентот го открија моите родители и учителката.

Настапував на многу приредби и фестивали заедно со мојата сестра Ивана. На 9 години настапив на фестивал во Штип во организација на Зоран Ванев каде што победив со моја кантавторска песна „Осамена“ и го освоив првото место.

Настапував на многу детски фестивали сè до 14-годишна возраст со песни, коишто јас ги компонирав, а на 15 години влегов во првите 10 финалисти во шоуто „Плеј потрага по ѕвезди“, од каде што започна мојата кариера како пејачка на забавни песни, со песната „Лијат години“.

Имав многу песни од познати музички автори, а некои од нив беа и кантавторски, некои дури и до ден денес не се изнесени во јавност и стојат во фиока.

Познати мои песни се: „Ми требаш“, „Пауза па плеј“, „Животот е твој“, „Отров и лек“,“ Заборави ме“, „Среќа“, „Врати се“, „Душа уморна“, „Солза по солза“ и соработката со Дарко Димитров, Александар Митевски, Јован Јованов, Александар Масевски и многуте забавни фестивали, како „Макфест“, „Скопскиот фестивал“... Токму тие ме направија препознатлива во јавноста.

Настапував и на Турковизија, каде ја претставував Македонија, и сè уште се стремам кон нови предизвици и творење на музика.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-29.jpg

Што те нервира најмногу во Германија, а што ти се допаѓа најмногу?

Ме нервира што Германците се многу „ладна”нација и воопшто немаат време за социјален живот, а ми се допаѓа тоа што секој што поседува квалитет, па дури и да е анонимен или странец, може да напредува и да се надградува и секој се занимава само со својот живот, без предрасуди кон другите луѓе.

Сè функционира по правила и прописи и луѓето се многу точни и прецизни како на работа, така и во институции.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-13.jpg

Какви пријатели се Германците?

Моите пријатели се мои колеги и колешки на работа и немаме многу социјален контакт надвор од работното време, затоа што слободното време го посветувам на моето семејство.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-25.jpg

Можам да кажам дека не сме ист менталитет со нив и дека многу работи нè чудат и нас, но и нив.

Пример кога доаѓа Германец на забава си купува сам пијалак или си плаќа сам за себе - нема честење како што ние Македонците знаеме да почестиме.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-26.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Сања и Ивица од Пробиштип: Ѝ предложил врска под метеорски дожд, ја запросил п... И двајцата се од Пробиштип, но една година имале врска на далечина. Сања Ристова...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg