Љубовната приказна на Сања и Ивица од Пробиштип: Ѝ предложил врска под метеорски дожд, ја запросил пред Таџ Махал

И двајцата се од Пробиштип, но една година имале врска на далечина. Сања Ристова за CRNOBELO.com ја раскажува својата романтична љубовна приказна со сопругот Ивица. Се запознале во родниот град, ја запросил во Индија, а свадба направиле со македонски традиционални обичаи и адети.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-01.jpg

Сања Ристова (35) и нејзиниот сопруг Ивица (33) се по потекло од Пробиштип.

Ивица пред и официјално да се запознае со Сања веќе 13 години живеел во Скопје, каде работел како машински инженер.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-02.jpeg

Се запознале во родниот град, а Сања во изјава за CRNOBELO.com вели дека тој знаел за неа, но таа, за жал, од претходно не го познавала.

Но, кога коцките треба да се склопат, очигледно е дека се склопуваат, па така тие и ја започнале нивната љубовна приказна.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-03.jpeg

Ивица ѝ предложил да започнат врска во 2022-ра година кога заедно го набљудувале метеорскиот дожд Персеиди, а Сања вели дека воопшто не било лесно на почетокот, со оглед на тоа што во првиот период од врската биле на далечина.

„Не беше едноставно, но не беше ни некоја голема далечина. Сепак и тие 100-тина километри си бараа трпение и труд од двајцата. А тоа и го дадовме, затоа што сакавме да успееме“ – вели таа.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-13.jpg

Откако ја започнале врската, Ивица и Сања заминале на голем број заеднички патувања, во Будимпешта, Загреб, Љубљана, Малдиви, но таа најмногу ќе го помни патувањето во Индија во ноември 2023-та година кога нејзиниот сегашен сопруг ја запросил пред Таџ Махал во Индија, кој воедно важи и за безвременски симбол на љубовта.

„Индија е сама по себе држава од друга димензија. Ја избрав јас бидејќи отсекогаш ме интересирала нивната култура, религии, начин на живот, менталитетот на тој најгусто населен народ на земјата.

Тоа беше всушност роденденско патување (по повод мојот роденден). Никако не очекував запросување пред Таџ Махал.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-05.jpeg

Таџ Махал го посетивме претпоследниот ден од целата таа 14-дневна авантура.

Кога влеговме во Таџ таму имаше фотографи кои те сликаат и потоа ти ги даваат сликите во дигитална и печатена верзијa.

Те носат на тие т.н. точки за сликање и те местат како да застанеш за да ги фатат најдобрите кадри.

Инаку за влез во Таџ беше дозволено само телефон и вода за пиење, со тоа што баш во Гробницата беше забрането и сликањето.

Така, додека се сликавме на некои од сцените за да се фати убаво Гробницата, сликарот ми кажуваше како да се наместам за да ме слика сама и потоа ми рече само заврти се назад и кога се завртев Ивица беше таму, клекнат со прстенот“ – раскажува Сања.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-04.jpeg

А Ивица во Индија имал вистинска мака за да го скрие прстенот. На почетокот го носел со себе, но кога Сања сакала да ги средува куферите, тој му го дал на туристичкиот водич за Сања да не го најде.

„Дали очекував запросување? Потсвесно, можеби да, но мислев дека тоа би било некаде за Нова година, а не во Индија“ – вели Сања.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-11.jpg

По враќањето во Македонија, Сања и Ивица се договориле да не чекаат цела година за да направат свадба, па одлучиле сè да организираат за 40-тина дена. Но, со оглед на тоа што во тој период следувале и новогодишните празници, парот до крајот на јануари имал закажано само ресторан, музика и фотограф.

„Имавме околу 300 гости на свадбата. За венчаницата немав некоја посебна инспирација и единствено што барав е да не е премногу раскошна за да можам слободно да движам.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-09.jpg

Додека за тортата и уредувањето се погриживме и загуглавме неколку идеи на Гугл и Пинтерест за да можеме да го најдеме точна она што го имавме замислено, особено за време на сечењето на тортата. За таму јас имав замислено прскалки кои ќе формираат светлечка завеса“ – ни појаснува таа.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-16.jpg

Свадбата била спој на традиционалното и модерното, со одење по невеста и почитување на барем дел од адетите, но потоа следувала и забава во ресторан со забавна музика и сечење на торта.

„Не би сакала да пропуштам ниту еден момент од свадбата. И пак да се вратам назад, пак се исто би направила. А не би се откажала по ниедна цена за сечењето на тортата со светлечката завеса и забавниот дел од вечерта.

Бидејќи тимот за светлечки ефекти успеа да ми ја долови желбата баш онака како што имав замислено, а забавниот дел за кој се погрижија BrassBrothers беше незаборавен“ – вели Сања.

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-15.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од свадбата:

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-14.jpg

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-17.jpg

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-11_copy.jpg

ljubovnata-prikazna-na-sanja-i-ivica-od-probishtip-i-predlozhil-vrska-pod-meteorski-dozhd-ja-zaprosil-pred-tadj-mahal-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Мак... Eдна од нејзините најпознати песни беше „Лијат години“, а денес со својот сопруг...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg