Српската актерка Сандра Силаѓев за CRNOBELO: „Родена сум во Штип, се ежам на ‘Македонско девојче’ и ‘Зајди, зајди’“

„Секое лето доаѓав во Скопје и Штип. Поминав навистина многу време во Македонија. Зборувам македонски, но не совршено. Мајка ми зборува македонски, па тоа ми е сосема природно. Инаку, јас сум дете од мешано семејство, во моето семејство ја имам цела бивша Југославија и го обожавам тоа“, вели српската актерка и комичарка Сандра Силаѓев за CRNOBELO.com.

srpskata-akterka-sandra-silagjev-za-crnobelo-rodena-sum-vo-shtip-se-ezham-na-makedonsko-devojche-i-zajdi-zajdi-01.jpg

Српската актерка и комичарка Сандра Силаѓев скоро една деценија со своите забавни видеа ја забавува публиката во регионот.

Секогаш оригинална, поинаква, инспирирана од реалноста во која живееме, таа знае како да допре до луѓето кои ја следат на социјалните мрежи, а се преку 486.000 само на Инстаграм.

https://www.instagram.com/reel/Cx_GURntWEg/

Родум од Штип, по мајка Македонка, Сандра вели дека за земјава ја врзуваат убави спомени. Многу од нив се поврзани за Скопје и Штип, каде што доаѓала секое лето додека била дете.

Таа сега повторно се враќа во Скопје, со хит претставата „Дејт“, која ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Македонска филхармонија.

srpskata-akterka-sandra-silagjev-za-crnobelo-rodena-sum-vo-shtip-se-ezham-na-makedonsko-devojche-i-zajdi-zajdi-06_copy.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, Сандра, која го носи епитетот „кралица на саркастичната комедија“, зборува за своето македонско потекло, но и ликот што ја направи меѓу омилените познати личности на Балканот:

Не знам колку македонската публика знае дека сте родени во Штип. Дали зборувате македонски? И кога последен пат сте биле во родниот град?

Мајка ми е Македонка, а јас сум само родена таму. Но, секое лето доаѓав во Скопје и Штип. Поминав навистина многу време во Македонија.

Најмногу ја сакам македонската кујна и ја обожавам македонската музика. Македонија ме врзува за мајка ми и баба ми. Таму имам и семејство.

Зборувам македонски, но не совршено. Мајка ми зборува македонски, па тоа ми е сосема природно. Инаку јас сум дете од мешано семејство, во моето семејство ја имам цела бивша Југославија и тоа го обожавам.

Дали ви се допаѓа македонска храна, музика? Што ти е омилено?

Ја обожавам музиката, бидејќи тоа ме поврзува со мајка ми и баба ми. „Македонско девојче“ и „Зајди, зајди“ знаат да ме „распаметат“.

А од храна најмногу сакам пишии, пастрмалии, јајченик и слично.

srpskata-akterka-sandra-silagjev-za-crnobelo-rodena-sum-vo-shtip-se-ezham-na-makedonsko-devojche-i-zajdi-zajdi-05.jpg

Јавноста во регионот ве запозна пред 7-8 години како Диња, фиктивен забавен лик кој преку ноќ стана феномен во регионот. Но, денес ве нарекуваат „кралица на саркастичната комедија“ и на Инстаграм ве следат над 486.000 следбеници. Што е она со што привлекувате внимание каде и да одите и во кој лик и да се претворите?

„Диња“ беше каналот на YouTube и тоа име го вметнав во играта на зборови во насловите на стриповите што ги објавував, а и во стенд-ап настапите.

Меѓутоа, проблемот настана кога новинарите почнаа да ги нарекуваат Диња сите ликови што ги играв во филмовите и сериите.

Па, затоа морав да го ставам моето име насекаде, бидејќи нема лик по име Диња што го играв, а ни моето име не е така.

Инаку, не забележувам дека привлекувам внимание, освен кога некој ќе ме препознае бидејќи сум моментално експонирана во јавноста.

Зошто вие не следите никого на Инстаграм?

Следам од приватниот профил. Бизнис профилите на сите мрежи постојат за да објавам сè што имам и потоа да се одлогирам.

Десет години сум активна на социјалните мрежи и ако сакате да имате живот надвор од социјалните мрежи, мора да ги исклучите коментарите и да се најавите само за да го завршите тоа што треба.

srpskata-akterka-sandra-silagjev-za-crnobelo-rodena-sum-vo-shtip-se-ezham-na-makedonsko-devojche-i-zajdi-zajdi-07.jpg

Од каде инспирацијата за сè што објавувате? Дали секогаш снимате сè „од прва“ или понекогаш едноставно не ви оди, па на крај и не го објавувате тоа видео?

Инспирацијата е насекаде околу нас. Најчесто снимам од прва, затоа што не го сфаќам сериозно.

Си дозволувам и грешки и пропусти бидејќи се работи само за интернет содржина.

Кој е вашиот најискрен критичар?

Колеги и најблиски. Немам критичари за клиповите, бидејќи тоа ми е забава. Кога работам во театар, на филмови или серии, тогаш добивам сериозни сугестии од луѓето кои се во овој бизнис.

srpskata-akterka-sandra-silagjev-za-crnobelo-rodena-sum-vo-shtip-se-ezham-na-makedonsko-devojche-i-zajdi-zajdi-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg