Српската актерка Сандра Силаѓев за CRNOBELO: „Родена сум во Штип, се ежам на ‘Македонско девојче’ и ‘Зајди, зајди’“
Дали вие самите се смеете, се лутите, плачете кога гледате некое од вашите видеа? Дали некогаш гледате стари снимки, на пример првите што сте ги снимиле пред многу години?
Ги гледам често, бидејќи често објавувам на социјалните мрежи работи што сум ги снимила претходно за да може да го види новата публика.
Не плачам кога ги гледам, туку најчесто се сеќавам која била причината што сум го снимила тоа видео.
Повторно доаѓате во Скопје со претставата „Дејт“. Колку се реални овие ситуации - дали ви се случиле вам, на вашите пријатели или ја искористивте вашата фантазија за да го направите сето тоа позабавно?
Ќе погледнете и сè ќе ви биде јасно. Тоа е приказна за животот на Балканот сега и овде.
Монодрамата е создадена затоа што имав потреба да пишувам и да го кажам она што мислам дека треба да го кажам.
Треба да комуницираме, да разговараме, да укажеме на слабостите кај нас и проблемите околу нас и да се обидеме да направиме сè што е во наша моќ за да го смениме светот на подобро.
Дали во претставата се водите од сценариото или понесена од атмосферата знаете и да импровизирате?
Ретко импровизирам. Сакам да се држам до планот.
Вие сте мајка на тинејџерка - дали ќерката Уна го сака тоа што го работите, дали се забавува додека ги гледа видеата или воопшто не го следи тоа што го работите?
Не ги гледа, а јас никогаш не ја оптоварував со тоа.
https://www.instagram.com/reel/Cx0KtMnNowY/
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Јелена Јованов