Јутјуберот Стефонатор за егзотичните миленици: „Чувам аксолотли, се хранат со замрзнати ларви и бели црви“

„Аксолотлите можат најбрзо да ги регенерираат екстремитетите, побрзо од кое било друго животно. На мајка ми ѝ се интересни и често прашува што прават (иако ништо не прават, само постојат), а сестра ми рече дека се 'гадни'“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, јутјуберот Стефонатор, кој од неодамна почна да чува вакви егзотични миленици.

jutjuberot-stefonator-za-egzotichnite-milenici-chuvam-aksolotli-se-hranat-so-zamrznati-larvi-i-beli-crvi-01.jpg

Стефан Рашковиќ (25) од Скопје на македонската јавност ѝ попознат како Стефонатор, момчето кое редовно објавува содржини на неговиот YouTube канал.

jutjuberot-stefonator-chuva-aksolotli-s-ushte-teshko-razlikuvam-koe-e-mashko-a-koe-zhensko-se-hranat-so-zamrznati-larvi-i-beli-crvi-02.jpg

Оние што редовно го следат знаат дека Стефан пред извесен период почна да чува егзотични миленици аксолотли, а во интервју за CRNOBELO.com открива што треба да знаете пред да одлучите да се грижите за нив.

Аксолотлите се вид саламандери, кои се препознатливи по тоа што достигнуваат зрелост без да претрпат метаморфоза.

Аксолотлите првично биле пронајдени во неколку езера што се наоѓаат во основата на неколку езера на сегашниот Мексико Сити. Овие езера биле исушени од шпанските доселеници по освојувањето на Ацтечката империја, по што дошло до уништување на голем дел од природните живеалишта на видот.

Овие животни иако се сметаат за загрозени видови во дивината, многу често се користат во научните истражувања заради способноста да регенерираат екстремитети, жабри и делови од нивните очи и мозок.

Многу се популарни и како егзотични миленици и се чуваат во аквариуми.

Следува во целост интервјуто со Стефонатор:

Зошто се одлучи да чуваш егзотични миленици и зошто баш аксoлотли?

Искрено, не знам, не е некоја желба која сум ја имал долго време.

Другар ми имаше пратено дека ги има кај нас и веднаш посакав да ги чувам.

На мое изненадување многу луѓе не знаеја што се воопшто аксолотли и претходно никогаш не виделе, а мене ми се многу добро познати од играта Minecraft, па така и прво ги имам запознаено со мојата публика на стримови.

Ги чувам во студио каде што многу часови знам да бидам сам, па добро е да се има друштво.

jutjuberot-stefonator-chuva-aksolotli-s-ushte-teshko-razlikuvam-koe-e-mashko-a-koe-zhensko-se-hranat-so-zamrznati-larvi-i-beli-crvi-03.jpg

Колку време ги чуваш аксoлотлите и како се викаат?

Ги чувам од почетокот на август, што значи повеќе од месец дена.

Едното се вика Цаци, не знам дали е машкото или женското, ама е она што е помало и срамежливо и се крие во пештерата.

За другиот аксолотл сѐ уште немаме име. Се надевам наскоро.

Најде ли начин конечно да ги разликуваш кое е машко, а кое е женско?

Најдов ама тешко ми оди, ми треба да стојат мирни во профил долго време за да успеам да дознаам, што не се случува.

Мислам дека машкото е баш Цаци.

Ама само мислам, засега. Ќе известам кога ќе знам повеќе.

jutjuberot-stefonator-chuva-aksolotli-s-ushte-teshko-razlikuvam-koe-e-mashko-a-koe-zhensko-se-hranat-so-zamrznati-larvi-i-beli-crvi-04.jpg

На што треба најмногу да се внимава кога се чуваат аксoлотли и какви услови треба да им се обезбедат?

Најпрво потребно е да им се обезбеди средна големина аквариум од околу 100 литри вода за два аксолотли.

Потребно е да ги чувате сами, без останати животни, и кога се вака во пар да се слична големина, затоа што често ги јадат помалите од нив.

Потребно е температурата на водата во аквариумот да не надминува повеќе од 20 степени, идеално е да се движи околу 15 степени.

Потребен им е секако филтер, бидејќи загадувањето е штетно за нивното здравје.

Половина волумен на водата да се менува неделно. И исто така обично сакаат да имаат некакви засолништа каде што можат да се кријат, си сакаат потемно, иако имаат слаб вид.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg