Јутјуберот Стефонатор за егзотичните миленици: „Чувам аксолотли, се хранат со замрзнати ларви и бели црви“
Со што се хранат и од каде се набавува храна за нив?
Кај нас е малку потешко да се набави специјална храна за нив. Тоа што го препорачуваат кај нас во поснабдените петшопови се замрзнати ларви и бели црви.
Дали на членовите од твоето семејство им се допадна идејата да чуваш аксолотли? Како реагираа кога ги видоа првпат?
Имам малку среќа што не ги чувам дома, туку во студио, па не се многу засегнати.
Иако, треба некогаш да отидат и тие да ги нахранат, кога не сум тука.
На мајка ми ѝ се интересни и често прашува што прават (иако ништо не прават, само постојат), а сестра ми рече дека се „гадни“.
Искреноста е по природа, тоа е.
Точно ли е дека аксолотлите можат да се регенираат кога ќе загубат дел до телото?
Па да, претпоставувам дека е точно, иако се надевам дека нема да има потреба да го видам тоа со мои очи.
Тоа е онаа главна карактеристика и нешто што е најфасцинантно за нив.
Ако не грешам, тие можат најбрзо да ги регенерираат екстремитетите, побрзо од кое било друго животно.
Колкави растат?
Можат да пораснат и до 20-25 центриметри.
По аксолотлите, дали размислуваш за некој друг егзотичен миленик?
Аксолотли постојат во повеќе бои, па имам желба здравје понатаму во некој поголем аквариум (и ако успеам да ги најдам затоа што другите бои се поретки) да чувам некои 4-5 аксолотли.
Да се навикнам прво на овие некое време, и они на мене, па ќе размислувам понатаму посериозно на темата.
За друг тип на егзотичен миленик немам желба, можеби само некоја панда (ха-ха).
Погледнете го видеото од вдомувањето на аксолотлите објавено на YouTube каналот на Стефонатор:
Б. С. Б. | Црнобело