Душко Тошиќ ѝ праќал пораки на Северина, сакал да му пее на јахта – Пораките заради кои бившиот на Карлеуша стана хит на Твитер
- Детали
- понеделник, 27 мај 2024
„Работиш ли на родендени?“ – ја прашува Душко Тошиќ Северина во една од пораките што ѝ ги пратил. Како Северина завојува со Јелена Карлеуша, па објави дел од пораките што ги добила од нејзиниот сопруг? Душко Тошиќ стана мета на потсмев на Твитер, а сите коментираат дека преписката наликува на очајни обиди за флерт.
Откако минатата недела се пресмета со католичкиот свештеник, Северина започна нова Инстаграм војна.
Овој пат со Јелена Карлеуша, а објави и фотографии од разговорите што ги водела со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, во кои се гледа како тој ѝ се додворувал на хрватската пејачка.
Во изминатите неколку денови, Јелена Карлеуша и Северина влегоа во конфликт заради политички прашања, а хрватската пејачка со цел да ѝ се одмазди на српската колешка одлучи да ја повреди таму каде што најмногу ја боли.
Таа објави фотографии од разговорите што ги водела на WhatsApp со Душко Тошиќ, а во кои се гледа како тој прв ѝ пишал и упорно се обидувал да стапи во контакт со неа.
„Се работи ли?“ – ја прашува Душко Северина, на што таа му одговора:
„Какво интересно прашање… вие така секогаш или …?“
„Хаха, па морам од некаде да почнам. Не сум многу креативен нели?“
Таа објави уште неколку фотки на кои се гледа дека ја канел на кафе, а кога Севе му рекла дека не се познаваат, тој ѝ рекол:
„Па ќе се запознаеме“.
На крај, Севе го објави и делот каде што културно го замолила веќе да не ѝ пишува.
„Простете, но не разбирам што сакате? Ние не сме познаници, а камоли пријатели.
Ако сте навикнати вака да им пишувате на жените, јас не сум од тие и немојте да ми пишувате“ – му рекла таа.
Откако беше објавена преписката, Душко Тошиќ даде изјава за медиумите каде откри дека имало причина зошто се обидувал да стапи во контакт со пејачката.
„Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да направам прослава по тој повод, а моите пријатели од WhatsApp групата предложија да ни пее Северина.
Ете тоа е причината заради која ја контактирав“ – појасни Тошиќ.
Но, неговата изјава очигледно не ја смири јавноста, па тој стана хит меме на Твитер. Твитерџиите во Србија се потсмеваат на неговиот очајнички обид за флерт.