Северина во војна со најзгодниот свештеник во Хрватска: „Јас само имав добар секс, ти посакувам и тебе да пробаш“

По изјавата за абортус на хрватскиот свештеник Томислав Лукач, кој е ѕвезда на Инстаграм, Северина одлучи да се пресмета со него.

severina-vo-vojna-so-najzgodniot-sveshtenik-na-instagram-jas-samo-imav-dobar-seks-ti-preporachuvam-i-tebe-da-probash-01.jpg

Хрватската пејачка Северина во текот на изминатите денови водеше Инстаграм војна со Томислав Лукач кој е нарекуван најзгодниот свештеник во Хрватска.

Таа пред неколку дена на социјалните мрежи ја сподели објавата во која ги повика сите граѓани на Европската Унија да ја потпишат петицијата за право на абортус.

Нејзиниот активизам беше поддржан од голем број колешки, како од Хрватска, така и од регионот.

severina-vo-vojna-so-najzgodniot-sveshtenik-na-instagram-jas-samo-imav-dobar-seks-ti-preporachuvam-i-tebe-da-probash-02.jpg

Но, очигледно, нејзината порака не им се допадна на некои луѓе, па сподели дека добивала и заканувачки пораки.

Сосема неочекувано, пејачката завојува со најзгодниот хрватски свештеник на Инстаграм, Томислав Лукач.

severina-vo-vojna-so-najzgodniot-sveshtenik-na-instagram-jas-samo-imav-dobar-seks-ti-preporachuvam-i-tebe-da-probash-03.jpg

Тој на ТикТок објави кратко видео во кое се спротивстави на активизмот на Северина, па рече:

„Абортусот не само што е големо зло, туку многу им штети и на жените што ќе се одлучат на тој чин“ – по што го сподели сведоштвото на една жена која имала абортус и која се соочувала со психолошки проблеми.

@dontomolukac

Severina, volim te i molim za tebe. Javi se za kavu! #fyp #foryou #foryoupage #fypシ゚viral #priest

♬ original sound - dontomislavlukac

По ова, Северина на Инстаграм Стори објави фотографија на која навидум свештеникот ѝ се обраќа со погрдни зборови, па напишал:

„Скандалозна жена. Таман се опорави од јахтата, кога еве ја пак (се јавува)“.

На ова пејачката не ги бираше зборовите и над фотографијата од свештеникот напиша:

„Драги, статусот ти звучи како моторот на јахтата да ми ја пресекол главата, па ми ја сошиле назад...

Јас само имав добар секс, што и тебе ти го посакувам. Можеш и со некоја личност од спротивниот пол.

Како знаеш дека нешто не е добро, ако не си го пробал? Крстот ти е топ“.

severina-vo-vojna-so-najzgodniot-sveshtenik-na-instagram-jas-samo-imav-dobar-seks-ti-preporachuvam-i-tebe-da-probash-04_copy.jpg

Додека во најголем број од медиумите во регионот ги пренесоа зборовите на пејачката, свештеникот се чувствуваше должен да се огласи со ново видео на социјалните мрежи, па ја обвини пејачката дека неправедно го прозвала.

Во својот одговор кон Северина, тој рече:

„Навистина сакам да знаете што Северина направи со моето видео. Моето видео за абортусот беше споделено од 197 луѓе, меѓу нив еден човек го сподели видеото на своето Стори и напиша погрдни зборови кон неа.

И што направи кралицата? Значи таа го зела неговото Стори, го отсекла неговото име и презиме да не се гледаат и го објави тоа како да е мое и како јас да сум јас тој што ја навредил“ – вели тој.

@dontomolukac

Severina, volim te i molim za tebe. Javi se za kavu! #fyp #foryou #foryoupage #fypシ゚viral #priest

♬ original sound - dontomislavlukac

Инаку, Томислав е познат по неговите кратки видеа во кои зборува за верата и за тоа што значи неговата професија.

Често знае да зборува јавно за појавите во општеството, да ги коментира хитовите и музиката што е популарна, но и јавно да го каже сопственото мислење.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Северина чита книга за нејзиниот „филм“ на јахта - и зрачи со сексапил на Малдиви „Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југосла...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg