„Штета што си избрал грешна професија“ – Хрватките опседнати со најзгодниот свештеник во регионот
- Детали
- петок, 02 февруари 2024
„Јас сум сингл, размисли дали сакаш да ѝ останеш верен на црквата“. Ова е само еден од големиот број непристојни коментари што жените од Хрватска ги упатуваат на профилот на свештеникот Томислав Лукач (30) кој важи за најзгоден свештеник во регионот.
Жените во Хрватска масовно го заследуваат младиот свештеник Томислав Лукач. Некои сакаат да ги следат неговите совети, поврзани со бракот, сексот и врските, а други, пак, отворено признаваат дека повеќе сакаат да го гледаат, отколку да го слушаат.
Свештеникот Томислав Лукач (30) има свој профил на ТикТок, што го следат над 49.000 следбеници, а во неговите коментари често добива и непристојни предлози од дамите што го следат.
Во едно од видеата, Томислав рече дека неговата професија не го спречува да биде во форма и да тренира.
Исто така, напомна дека не ги помни туѓите гревови, сака да носи карго пантолони, да се напие пиво со пријателите и дека не слуша само духовна музика.
Голем број од жените што го следат не ги кријат своите „грешни“ мисли кон свештеникот, па во коментарите пишуваат:
„Дали би кршел правила?“;
„Ако ти си свештеник, јас сакам да станам калуѓерка“;
„Колку е убав, алооо“;
„Јас сум сингл, размисли дали сакаш да ѝ останеш верен на црквата“;
„Одеднаш почнав да верувам во Бога“;
„Штета што си избрал погрешна професија“;
„Да сте свештеник во мојата жупа, би била најредовна во црквата, ќе ве пуштам и да ми го благословите домот“ – стои во дел од коментарите.
@dontomolukac Ja sam svećenik… naravno da sam morao ispoštovati trend💪🏽 Hostija korištena u videu nije posvećena! #trend #priest #catholicpriest #xyzbca #fyp #foryou #fypシ #foryoupage
♬ original sound - dontomislavlukac
Инаку, Томислав има и свој Инстаграм профил, а во продолжение погледнете дел од неговите фотки:
Б. С. Б. | Црнобело