Дизајнерката Коцарева ни открива детали за венчаниците на Александра Шијакоска: „Таа сакаше цвет и ракавици, идејата за коктел фустанот е моја“

„Александра ме праша дали е подобро да има ракавици или само еден ракав од страната на цветот. Дефинитивно бев за ракавици со цел да дадат поголема префинетост на самата венчаница“, открива за CRNOBELO.com дизајнерката Моника Коцарева, која ги креираше двата свадбени фустани за нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-01.jpg

Модната дизајнерка Моника Коцарева, која е долгогодишна соработничка, но и блиска пријателка на нашата инфлеунсерка Александра Шијакоска, ѝ ги креираше двата фустана за свадбата што се одржа на 19-ти јули. Едниот фустан е елегантен, со впечатлив цвет и ракавици, а вториот е краток и со реси од монистра.

Александра и во двете креации изгледаше префинето и блескаше покрај својот сопруг Едмонд Весели кој, пак, славеше и роденден.

unnamed.jpgМоника Коцарева

Венчаниците на Шијакоска привлекоа големо внимание во јавноста, а дизјанерката Коцарева за CRNOBELO.com откри детали за нивната изработка и соработката со Александра:

Од поодамна соработувате со Александра Шијакоска. Дали поради тоа ви беше полесно да ја креирате венчаницата за неа, или кога правите креација за некој близок, предизвикот, но и личната одговорност се поголеми?

Александра е една прекрасна личност со која соработувам уште од 2018-та година.

Ги знам совршено нејзините пропорции, па многу често се случува да нема ни потреба да доаѓа за проби. 

Конкретно за венчаницата имавме само една проба и сè беше перфектно.

Предизвикот и одговорноста се секогаш големи кога знаеш дека работиш за некој што има многу голем број на следбеници, па креацијата ќе биде забележана и критикувана од многу луѓе.

unnamed_1_copy.jpg

Колкава слобода имавте кога го правевте фустанот или Александра конкретно ви кажа што сака?

Креацијата ја договоривме во една реченица. Ми кажа што сака отприлика и ми остави одврзани раце.

Од толку скромна личност не можеш да очекуваш да има големи барања.

Целиот процес го остави на мене, да одлучам од тоа од каков материјал ќе биде, па до завршното „копчање“.

Дојде само кога беше готов фустанот и беше презадоволна, знаејќи дека се впушти во сигурни раце.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-04.jpg

Чија идеја беше големиот цвет на фустанот со едноставен, елегантен и многу впечатлив крој?

Идејата за цветот беше на Александра.

А формата и големината ги одлучив јас за да биде во склад со нејзините пропорции.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-03.jpg

Дали таа сакаше да носи ракавици или вие ѝ предложивте да ги проба за да го заокружат целиот изглед?

Ме праша што мислам дали е подобро да има ракавици или само еден ракав од страната на цветот.

Дефинитивно бев за ракавици со цел да дадат поголема префинетост на самата креација.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-02.jpg

Од каков материјал е изработена венчаницата и колку време ви требаше да ја направите?

Употребивме парада жоржет за изработка на венчаницата, а ја сработивме за две недели.

За целиот изглед да биде заокружен, Александра носеше и голем шешир на фотосесијата, кој исто така го изработивме ние во „Ателје Коцарева“.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-05.jpg

Вие го креиравте и вториот фустан што го носеше Александра... Тешко ли беше да најдете соодветен материјал или материјалот е доработен рачно?

Вториот фустан беше моја идеја, со што таa веднаш се согласи.

Луксузниот краток фустан беше составен од стотици реси, везани со илјадници ситни монистри, рачно работени.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-06.jpg

Дали можеби ќе ѝ ја креирате и венчаницата за свадбата в година?

Секако! Тоа ќе бидат неколку венчаници што ќе ги носи, но за тоа нема да ви откријам сè уште ништо.

dizajnerkata-kocareva-ni-otkriva-detali-za-venchanicite-na-aleksandra-shijakoska-taa-sakashe-cvet-i-rakavici-idejata-za-koktel-fustanot-e-moja-7.jpg

Прочитајте и Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Симона Калица

Би можело да ве интересира:

Александра од Скопје, мајка што постојано се качува на Водно со синот (3): „Го носев во кенгур на Во... „Првата работа која бев возбудена да ја купам додека бев бремена беше ранецот-но...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сташа Божиновска ја преточи азбуката во накит: „Ова е мој личен обид да го зачувам богатството на ма... „Кога имав 14 години, татко ми одлучи да ја продаде семејната компанија „Бо...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg