Семејство од Чешка живее во Македонија: „Среќни сме тука, луѓето секогаш наоѓаат време за дружење“

Михал и Лада Витови се семејство од Чешка, Брно, кое живее во Скопје веќе 3 години со своите ќерки Анна (6) и Ингрид (4). Дошле во нашата земја сосема спонтано и се вљубиле во нејзините природни убавини, луѓето, навиките – па велат дека со задоволство би живееле овде долгорочно.

semejstvo-od-ceska-zivee-vo-makedonija-srekni-sme-tuka-lugjeto-sekogas-naogjaat-vreme-za-druzenje-01.jpg

Михал има компанија за Software development со партнери од Македонија и е професор на Универзитет во Прага, а неговата сопруга е професорка по физика во училиште во Скопје.

Во интервјуто за CRNOBELO.com ни раскажуваат за тоа како се решиле со две мали деца да започнат сосема нов живот, во земја значително поразлична од нивната, што е она што им се допаѓа најмногу кај нас и како ја доживуваат Македонија:

Во Македонија сте речиси 3 години, како се одлучивте да се преселите и кои беа вашите први впечатоци за земјата?

Иницијално, јас бев ангажиран како визитинг професор на SSEU на една година. Но, коцките се поклопија, и имав среќа да ги запознаам моите бизнис партнери кои сега ни се пред сè вистински пријатели. Како на филм, навистина.

semejstvo-od-ceska-zivee-vo-makedonija-srekni-sme-tuka-lugjeto-sekogas-naogjaat-vreme-za-druzenje-02.png

Првите впечатоци? Повеќето од нашите навики како организирањето на дневните активности, слободно време, ангажмани околу децата – беа вистински предизвик, беше тешко да се прилагодиме.

Дилемата беше дали да се задржиме на навиките кои сме ги имале претходно и да се дружиме повеќе со интернационалци или да уживаме во топлото добредојде кое го добивме од Македонците. Првиот впечаток беше дека вие сте навистина отворена и пријателска земја.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-14.jpg

Колку време ви беше потребно да се прилагодите на животот овде со бебе и 3-годишно дете?

Кога започнаа Ковид рестрикциите во 2020-та, решивме да се преселиме во Скопје. Би рекол дека беше некако спонтана одлука. Јас можев да предавам онлајн, децата беа мали. Во градинката каде што одеа само рековме дека ќе одиме на бизнис патување.

За време на овој период, заклучивме дека навистина не вреди премногу да мислиш за некои работи и одлуки. Ако има проблеми, тука сме да ги решиме. Нашите очекувања беа „Одиме, па ќе видиме како ќе биде.“

Може да се рече дека е лоша стратегија затоа што пак е потешко да ги направиш правите одлуки за идните настани. Од пријателите имавме огромна поддршка која реално не ни беше очекувана.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-13.jpg

Имавте ли културен шок? Како се вклопија вашите ќерки во окружувањето?

Можеби ќе се смеете, но најголемиот културен шок беше различниот концепт кој вие го имате за ручек.

Кај нас, ручекот е во 12.30, јадеме супа, главен оброк и пиеме кафе. Максимум може да трае 90 минути. Нема седење во кафана со часови како што знаете вие да правите и да уживате во истото - сега и ние знаеме така.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-06.jpg

Децата немаа апсолутно никаков проблем. Ги запишавме во локална македонска градинка.

Другарчињата беа љубопитни дека ќе имаат деца од странство во групата, но сите беа љубезни. Ана и Инушка имаат навистина прекрасни другарчиња од градинката со кои со задоволство се дружиме.

semejstvo-od-ceska-zivee-vo-makedonija-srekni-sme-tuka-makedoncite-sekogas-imaat-vreme-za-druzenje-15.jpg

Го научивте ли јазикот, како се снаоѓате?

Децата го научија зачудувачки брзо, особено нашата поголема ќерка Ана, која сега има 6 години. Неа речиси и не може да ја забележите дека не е од Македонија. За нив ова е втор идентитет.

Јас и сопругата сè уште земаме часови. Сопругата понекогаш дури и ја прашуваат дали е од овде, а мене реално ми оди најслабо. Не дека е тешко, но веројатно старееме (ха ха).

Кои се работите кои најмногу ги сакате, но и што е она што можеби ви пречи во Македонија?

Големи љубители сме на авантуристички туризам и со задоволство сакаме да го практикуваме во Македонија.

Ние сме вљубени во планините, па на прво место затоа би ја ставил Бистра и целата убавина на Љуботен.

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-15.jpg

semejstvo-od-cheshka-zhivee-vo-makedonija-srekjni-sme-tuka-makedoncite-se-prijaten-narod-koj-sekogash-ima-vreme-za-druzhenje-08.jpg

Ми се допаѓаат различните култури во земјата, а сепак сите ја знаат и сакаат да ја пеат „Бисер Балкански“ и ова е навистина интересно.

Локалните маалски работи во Скопје – ќебапи во „Фонтана“, ѓеврек во бурекчилница „Верона“, западниот шмек во „Кантина“...

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg