Љубовната приказна на Американец женет со Македонка: „Ева ме запроси прва, правевме 3 свадби, но сакам да си заминеме од Македонија“
- Детали
- вторник, 11 јули 2023
„На крајот направивме вкупно 3 свадби. Прво се венчавме во судница во Санкт Петерсбург на Флорида. Потоа, направивме свечена венчавка во ресторан на плажа во кој работев. Третата свадба беше тука, во Македонија, во црквата Свети Климент во Охрид“, раскажува Американецот Александер Баранко, кој е во брак со Ева од Скопје.
Американецот Александер Баранко (48) веќе две години е во брак со Ева (33) од Македонија. Се запознале во САД, среде ковид пандемијата и се вљубиле веднаш.
Ева го запросила прва, по што направиле три свадби.
Парот го има синот Матео и во моментов живеат во Скопје. Но, Александер вели дека едвај чека да си замине и дека Македонија е преубава земја, но многу валкана.
Александер е роден во Тампа, Флорида, а работи како бармен. Ева, пак, е од Скопје, но долги години живее во Санкт Петерсбург на Флорида, и работи како менаџер на ресторан.
Парот се запознал во САД и брзо по запознавањето почнале да живеат заедно.
За CRNOBELO.com, Александер ја раскажа нивната љубовна приказна:
Како е да си во брак со Македонка?
Да се биде во брак со Македонка е сосема различно од Американките со кои сум се забавувал во минатото.
Но, во животот научив дека секој е различен без разлика од каде е.
Среќен сум што имав среќа да ја запознаам оваа прекрасна, неверојатна жена за да стане моја сопруга и мајка на нашиот син.
Каде и како се запознавте со Ева?
Се запознавме на крајот на март 2020, за време на пандемијата, додека работевме во дестилерија што произведуваше средства за дезинфекција на рацете.
Се сретнавме една сабота додека им дававме бесплатни средства за дезинфекција на луѓето во соседството.
Почнавме да излегуваме речиси веднаш, а Ева се пресели во мојата куќа 2 месеци подоцна.
Колку време бевте заедно пред да се венчате?
Ева ме запроси по 6 месеци врска на божиќното утро.
Потоа, јас ја побарав за сопруга во февруари 2021, година додека бевме на одмор.
Во април 2021 година, дознавме дека Ева е бремена.
Никогаш не сме биле одвоени еден од друг откако се запознавме.
Каков беше вашиот прв впечаток за Македонија? Дали се смени со текот на времето?
Мојот прв впечаток беше дека е убава, но валкана земја.
За жал, живеам во Центар во Скопје речиси 2 години и искрено едвај чекам да заминам.
Ништо вредно да ме држи овде.