Љубовната приказна на Американец женет со Македонка: „Ева ме запроси прва, правевме 3 свадби, но сакам да си заминеме од Македонија“
Каква свадба правевте со Ева? Дали беа вклучени некои македонски обичаи и дали ти изгледаа чудно?
Ние на крајот направивме вкупно 3 свадби.
Прво се венчавме во судница во Санкт Петерсбург на Флорида.
Потоа направивме свечена венчавка во ресторанот на плажа во кој работев, исто така на Флорида.
Третата свадба беше тука, во Македонија во црквата Свети Климент во Охрид. За свадбата ангажиравме диџеј, но имавме и традиционален тапан со зурла. Танцував на сè.
Единствената традиционална работа што ја направивме беше црквата.
Како католик, православната свадбена служба беше многу интересна.
Имав среќа да изберам кум кој ги зборува двата јазика и кој ми го преведуваше тоа што го зборуваше попот.
Но, кога се женеше братот на Ева бев сведок на целосно традиционална македонска свадба.
Колку возбудлив и долг ден беше тоа.
Вие имате мало синче. Кои јазици ги зборува тој?
Да, имаме 19-месечен син по име Матео.
Во моментов тој не зборува, но ние разговараме со него и на англиски и на македонски јазик.
Кажи ни повеќе за твојот живот во Македонија?
Откако сме во Македонија сме патувале во многу градови.
Но, селата се апсолутно преубави.
Откако дојдов тука, снимив и две реклами за македонски брендови – едната за пиво, а другата за банка.
Повеќе фотографии од ова семејство:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. J. | Црнобело