Драгана Спасовска 9 години живее во Дубаи: „Не кријам дека имам пластични операциии, со Пике седевме на иста маса“

„Со Пике седевме на иста маса во еден ресторан. Имаме некои заеднички пријатели и поминавме сите заедно една добра и пријатна вечер“, вели во интервју за CRNOBELO.com Драгана Спасовска, модел и инфлуенсерка, која е една од најследените Македонки на Инстаграм и ни открива детали за нејзиниот животен стил.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-01.jpg

Драгана Спасовска од Скопје веќе 9 години живее во Дубаи. Таму го живее својот сон, работи како модел и инфлуенсерка, но подготвува и своја козметичка линија.

Иако од Скопје си замина пред 15 години за да студира во Бугарија, таа беше главна тема на муабет во македонската јавност кога објави фотка со Пике, а некои медиуми пишуваа дека таа е виновна за разводот на славниот фудбалер и колумбиската пејачка.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-06.jpg

Во времето додека живееше во Бугарија Драгана се појави во неколку спотови на познати бугарски пејачи, па затоа нејзиното име е често во тамошните медиуми. Тие ја нарекуваат македонската Ким Кардашијан, а Драгана за тоа вели:

„Кому не му годи да го споредуваат со една од најмоќните жени во светот? Сите што ме познаваат, знаат дека ја обожавам.

И да, вистина е дека имам нов задник, јас секогаш отворено зборувам за секоја моја интервенција и пластична операција“.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-18.jpg

Драгана, која има преку 332.000 следбеници на Инстаграм, во разговор за CRNOBELO.com зборува за себе, за луксузот во Дубаи, за средбата со Пике, но и за мажите кои ѝ бараат пари преку Инстаграм:

Ти си една од Македонките со најмногу следбеници на Инстаграм, преку 332.000... Како го привлече вниманието на луѓето за да почнат да те заследуваат и колку време ти требаше да стигнеш до оваа бројка?

Во Бугарија сум доста популарна, има цело интервју за мене и мојот живот што е гледано над 1 милион пати, а го даваат и на Бугарската национална телевизија, така што, верувајте, не ми беше воопшто тешко да стигнам до толку следбеници.

Сепак се готвам за светска кариера, така што сега одиме до 1 милион следбеници.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-11.jpg

Медиумите во регионот те нарекуваат македонската Ким Кардашијан. Ти годи ли оваа споредба или не ти се допаѓа?

На кого не би му годело да го споредуваат со една од најмоќните жени во светот, која има големо влијание врз луѓето. Притоа таа ми е голем идол.

Претпоставувам дека во Бугарија се повеќе информирани за мене, отколку кај нас.

Сите што ме познаваат знаат дека ја обожавам Ким. А и доста луѓе ми имаат кажано дека многу си личиме.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-16.jpg

Неодамна се пишуваше и дека имаш „нов задник“ – дали се само озборувања или направи операција?

Да, имам нов задник, вистина е. Јас самата секогаш отворено и искрено зборувам за секоја моја интервенција и пластична операција.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-17.jpg

Каков животен стил водиш? Колку патувањата и луксузот се дел од твоето секојдневие?

Па ете, можете да видите и кај мене на Инстаграм дека сè што објавувам е вистина. Ако посакам фаќам авион и патувам за Ибица или на некоја интересна дестинација.

 Го сакам луксузот и не знам кој човек би рекол дека не го сака. Фала му на Бога што можам и да си го дозволам.

А во однос на патувањата, имам посетено скоро 50 држави и тоа е најдобрата инвестиција на еден човек - да може да ги види убавините на светот, бидејќи така ти се менува и самиот начин на размислување.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-12_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg