Драгана Спасовска 9 години живее во Дубаи: „Не кријам дека имам пластични операциии, со Пике седевме на иста маса“

На твоите фотки и видеа често споделуваш дел од животот во Дубаи. Што работиш таму?

Дубаи е преубаво место и искрено сум многу среќна и благодарна што живеам тука веќе 9 години.

Инаку, инфлуенсер сум и модел, а сега во моментот работам на создавање мој бренд на козметика.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-04.jpg

Таму го запозна Жерар Пике... Некои медиуми отидоа дотаму што пишуваа дека ти си виновна за разводот на Пике и Шакира. Како реагираше на тоа?

Со Пике седевме на иста маса во еден ресторан. Имаме некои заеднички пријатели и поминавме сите заедно една добра и пријатна вечера.

А што се однесува до пишувањата на медиумите - лоша реклама нема.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-09.jpg

Што ти се случува кога од Дубаи ќе се вратиш во Македонија? Дали ти коментираат нешто за тебе или зад грб и дали си имала непријатна ситуација?

Хммм, интересно прашање. Ништо не се случува. Буквално Скопје е исто како пред 15 години кога си заминав.

Луѓето имаат ист менталитет и тоа е навистина жално, кога ќе видиш како светот оди напред, а Македонија си стои во едно место.

Јас сум доста позитивен човек и каде и да одам знам и сама да си направам да ми биде убаво бидејќи верувам во силата на позитивната мисла.

Во Македонија одам само да ги видам родителите.

Инаку да, секаде ме препознаваат луѓето и лоши ситуации сум немала, освен што машки што ме следат на Инстаграм ми бараат пари.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-02.jpg

Дали си била жртва на сајбер-булинг поради твојата популарност?

Искерно, не сум била жртва на сајбер-булинг.

Не дозволувам личности што се кријат зад лажни профили да лечат комплекси врз мене.

Доста стабилен и силен карактер сум, а животот е толку убав и краток, што буквално немам ниту време ниту енергија да трошам за злобни исфрустрирани луѓе и да им дозволам да ми ја цицаат енергијата.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-03.jpg

Негативните коментари, пак, ме мотивираат.

И за крај само да кажам: Луѓе уживајте во животот затоа што времето е кратко, а вие самите избирате како ќе го потрошите. Какви ви се мислите, таков ви е животот.

Затоа немојте да се жалите што имате мизерни животи ако вашите мисли се мизерни.

influenserkata-dragana-spasovska-9-godini-uzhiva-vo-dubai-imam-nov-zadnik-mazhi-shto-me-znaat-od-instagram-mi-baraat-pari-05.jpg

Повеќе фотографии од Драгана на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg