Д-р Дева Петрова, онколог: „Најмладата пациентка со рак на дојка ми била 18-годишна, не сите се лечат со хемотерапија“

„Најтешкиот дел ми е кога морам да соопштам дека за жал и покрај сите напори, болеста напредува. Но знаете, надежта кај пациентите дека и во тие моменти сигурно постои начин да се направи нешто ме мотивира“ - д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија, за CRNOBELO.com зборува за ракот на дојката, третманите, за погрешните верувања кои народот ги има за оваа болест, но и за добрите и лошите страни на професијата. 

d-r-deva-petrova-onkolog-najmladata-pacientka-so-rak-na-dojka-mi-bila-18-godishna-ne-site-se-lechat-so-hemoterapija-01.jpg

Во октомври, месецот за поткревање на свеста за ракот на дојка, разговараме со повеќе жени-борки кои ја победиле оваа болест

Но, освен со пациентки кои ја раскажуваат својата приказна, зборуваме и со доктори специјалисти, кои ни ја носат поблиску оваа тема и разјаснуваат нејасни прашања и побиваат митови.

Дoц. д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија, за CRNOBELO.com зборува за симптомите на ракот на дојка, третманите за лекување, свеста на Македонките за редовни прегледи, но и колку оваа болест е излечива со напредокот на медицината и раната детекција. 

Таа открива и кои се добрите, но и најтешките страни на оваа професија, а споделува и кои народски (погрешни) верувања за ракот на дојка најмногу ѝ пречат. 

d-r-deva-petrova-onkolog-najmladata-pacientka-so-rak-na-dojka-mi-bila-18-godishna-ne-site-se-lechat-so-hemoterapija-03.jpg

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со д-р Дева Петрова:

Од кога работите во полето на онкологијата? Како се решивте за оваа гранка, посебно за рак на дојка?

Повеќе од 20 години работам со онколошки пациенти, на почетокот како специјализант по онкологија и радиотерапија, а потоа и долги години како специјалист. Како се решив за оваа гранка, искрениот одговор е дека тоа беше судбина, не беше планирано.

Се отвори можност за волонтирање, а подоцна и вработување на Клиниката за онкологија и радиотерапија и истото го прифатив.

Впрочем како и секој почеток, не беше лесно бидејќи онкологијата е едно широко научно поле во медицината кое бара посветеност, во студиската програма по која јас студирав не беше опфатено како посебен предмет и сè беше некако ново за мене.

Но во тек на специјализацијата, со помош на моите професори и колеги успеав да навлезам во оваа гранка на медицината, да стекнам знаење и искуство кои ми беа база која постојано ја надградувам сите овие години.

Подолго време како специјалист на Клиниката за онкологија и радиотерапија работев на одделот за третман на рак на дојка, а во последниве 11 години како дел на тимот на Клиничката болница Аџибадем Систина работам со сите онколошки пациенти независно од дијагнозата, секако дека дел од нив се повторно пациентки со карцином на дојка, но има и други дијагнози.

d-r-deva-petrova-onkolog-najmladata-pacientka-so-rak-na-dojka-mi-bila-18-godishna-ne-site-se-lechat-so-hemoterapija-02.jpg

Колку е тешко да се работи со онколошки пациенти? Колку е важен пристапот на докторот во најтешките моменти?

Ако си ја сакате работата ништо не е тешко. Јас од оваа перспектива после толку години можам да кажам дека си ја сакам работата и дури понекогаш сум размислувала  да сум во можност да бирам повторно дали би го направила истиот избор и одговорот е да.

Најубавиот момент во работата со онколошките пациенти е кога имам да им соопштам нешто убаво, дека болеста е излекувана или ставена под контрола, кога резултатите што ги читам се добри. Тоа е изворот на позитивна енергија за мене. Кога можам заедно со нив да се радувам.

Најтешкиот дел ми е кога морам да соопштам дека за жал и покрај сите напори, болеста напредува, тоа е најпоразителниот момент за мене како доктор. Но знаете, надежта кај пациентите дека и во тие моменти сигурно постои начин да се направи нешто ме мотивира да читам, да работам и да се трудам да им помогнам.

Колку често Македонките се соочуваат со дијагноза рак на дојка? И која е возраста на најмладите пациентки кои сте ги имале?

Карциномот на дојка е најчестото малигно заболување кај жената. Тоа е така во светот и кај нас се истите трендови. Статистиката вели дека секоја шеста жена во текот на својот живот ќе заболи од карцином на дојка.

Ризикот од ова заболување се зголемува со возраста, значи најголема е инциденцата после 50-та година од животот, но често може да се јави и на помлада возраст. Најмладата пациентка што сум ја имала е 18-годишно девојче.

Како се дијагностицира и лекува рак на дојка? Дали се секогаш задолжителни хемотерапија и радијација по операција?

Секое малигно заболување и ракот на дојка задолжително се дијагностицира со биопсија, додека не се направи биопсија и хисто-патолошки не се верифицира малигна болест,немаме дефинитивна дијагноза.

Сите други испитувања може да ни дадат сомнение за малигна болест, но за потврда потребна е биопсија.

d-r-deva-petrova-onkolog-najmladata-pacientka-so-rak-na-dojka-mi-bila-18-godishna-ne-site-se-lechat-so-hemoterapija-05.jpg

Кои се ризик фактори? Дали на секого може да му се случи? Кој има повеќе предиспозиции за ова заболување и дали може некако да се превенира?

Како и кај другите малигни болести, така и кај ракот на дојка нема јасен причинител.

Но постојат повеќе ризик фактори кои може да доведат до појава на ова заболување.

Една група на фактори се поврзани со самиот пациент, а тоа се генетската предиспозиција и  навиките за живот.

Од животните навики најважни се физичката активност и начинот на исхрана.

Се смета дека жените кои се физички активни имаат избалансирана исхрана и немаат вишок на килограми се со помал ризик од ова заболување.

Исто така и жените кои не пушат и не консумираат редовно алкохол имаат помал ризик да заболат од оваа болест. Жените пак, кои имаат одредени генетски мутации како мутацијата на BRCA  генот и кои имаат позитивна фамилијарна анамнеза за оваа болест имаат поголем ризик од заболување.

Од надворешните фактори значајни се изложеноста на јонизирачко зрачење, како и аерозагадувањето кое е ризик за голем број на малигни болести.

Колку е важна раната детекција? Колку често треба да се прават овие прегледи, што вклучуваат и од која возраст се препорачуваат?

Раната дијагноза е основа за успешно лекување на оваа болест, како и за другите малигни болести.

Процентот на излекувани пациентки во првиот и вториот стадиум на болеста  е значително поголем од тие во напреднатите стадиуми на болеста.

Основно е жената да се јавува на редовни прегледи со ехо на дојки, како и мамографија после 40-тата година од животот. Доволно е тие прегледи да се прават еднаш годишно.

Колку е висока свеста кај нас? Дали Македонките прават редовни прегледи на гради?

Мислам дека поголем процент од жените во Македонија се јавуваат на редовни прегледи, но секако дека има и жени кои од лични причини (страв, срам) не го пријавуваат проблемот, не се јавуваат на преглед, се губи драгоцено време и се намалува шансата за успешно лекување.

Секако дека не е задоволителна ситуацијата и на полето на превенцијата и скринингот може уште повеќе да се направи, но мислам дека има позитивни поместувања.

d-r-deva-petrova-onkolog-najmladata-pacientka-so-rak-na-dojka-mi-bila-18-godishna-ne-site-se-lechat-so-hemoterapija-07.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg