Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај луѓето со светол тен“

„Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак на кожата. Луѓето со светла кожа, црвена или руса коса, и светли очи, се посензитивни на УВ зраците, а лицето, главата и вратот се делови од телото каде постои зголемен ризик за негова појава“, вели специјалистот по онкологија, д-р Мери Берат за CRNOBELO.com.

d-r-meri-berat-onkolog-sonceto-e-edna-od-prichinite-za-pojava-rak-na-kozha-najgolem-rizik-ima-kaj-lugjeto-so-svetol-ten-01_copy.jpg

Д-р. Мери Берат (38) од Скопје, мајка на две деца и сопруга, е специјалист по радиотерапија со онкологија, вработена во ГОБ 8-ми Септември.

d-r-meri-berat-specijalist-po-onkologija-06.jpg

За CRNOBELO.com, д-р Берат споделува препораки за заштита од рак на кожата, но и ја открива разликата меѓу рак, канцер и тумор.

Прочитајте го интервјуто:

Наскоро во болницата „8-ми Септември“ треба да се отвори одделот за онкологија, во кој ќе работите и вие. Кои онколошки одделенија ќе бидат отворени, односно какви пациенти ќе може да дојдат на лекување таму?

Од пред некоја година се споменува отворањето на оддел за онкологија со радиотерапија.

Последните договори со надлежните лица се ветувачки и се надеваме дека што поскоро овој оддел ќе профункционира.

Планот е најпрво да започнеме со онколошка амбуланта, каде ќе прегледуваме пациенти на кои им е откриен или опериран канцер во нашата установа, а кои, во зависност од типот на рак, според патохистолошкиот наод, ќе се третираат кај нас или ќе ги подготвиме и упатиме на УКРО.

Сето тоа ќе го правиме во договор со колегите на УКРО (Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија).

За дел од онколошките пациенти тоа ќе значи скратување на времето на чекање за примање или подигнување на одредена терапија.

Секако, пред да започнеме со работа, ќе се прецизира точно кои пациенти ќе ги третираме.

d-r-meri-berat-specijalist-po-onkologija-04.jpg

Која е разликата меѓу рак, карцином и тумор? Често слушаме употреба на трите термини, но што означува секој од нив и на што се однесува?

Зборот тумор потекнува од латинскиот збор tumere и означува оток.

Туморот, всушност, е абнормална маса на ткиво кое се формира кога клетките растат, се делат и се групираат, а не изумираат кога треба.

Туморот може да биде бениген или малиген. Бенигните тумори можат да пораснат големи, но тие не се шират ниту на соседните ткива и органи, ниту во далечните органи.

За разлика од нив, малигните тумори ги зафаќаат околните органи и се шират преку лимфните и крвни садови во далечните органи, односно даваат метастатска болест.

Зборот канцер потекнува од латинскиот збор кој означува рак, а се нарекува така поради околните проширени вени кои наликуваат на краците на ракот.

Канцер (рак) е генерички термин кој вклучува повеке од 200 типови индивидуални болести и може да се примени за различни типови малигни неоплазми.

„Карцином“ честопати несоодветно се применува како синоним за канцер.

Карцином означува малигна неоплазма (тумор) од епително потекло, додека во терминот канцер се вклучени сите малигни неоплзами, независно од кое ткиво потекнуваат.

d-r-meri-berat-specijalist-po-onkologija-03.jpg

Колку се Македонците ажурни во однос на дијагностиката, самопроверката, редовните прегледи, а со кои може рано да се дијагностицира болеста?

Сметам дека свеста кај нашиот народ за редовни прегледи е подигната во однос на претходните години, но уште треба да се работи на тоа поле.

Според мене, би било најдобро да се направат задолжителни контролни прегледи за одредена возрасна група на пациенти, кои преку своите матични лекари би добивале насоки за нивно спроведување.

На пример: задолжителен гинеколошки преглед и ПАП тест еднаш годишно кај жени, мамографија и ехо на дојки кај жените над 40 години.

Ова се препорачува да се започне по 40-тата, а да е задолжителна кај жените од 45 до 69 години.

Кај мажите од 55 години сметам дека треба да постои задолжителен скрининг со ПСА (тумор маркер) за превенција и рано откривање на рак на простата.

Оние, пак, кои имаат наследна компонента, би требале да одат на проверки и од порана возраст. 

Скрининг за карцином на колон (дебело црево), кој е познат и како колоноскопија, е оптимално да се прави од 50-годишна возраст, а за оние со наследна компонента и порано.

Кои се најчестите видови канцер од кој заболуваат жените, а кои се најчести облици на канцер кај мажите?

Најчест тип на канцер од кој заболуваат жените ширум светот е канцер на дојка, додека кај мажите тоа е на простата.

Но, водечка причина за смрт и кај жените и кај мажите, сè уште е ракот на белите дробови.

d-r-meri-berat-specijalist-po-onkologija-02.jpg

Во летните месеци постојано слушаме препораки за луѓето да не се изложуваат директно на сонце... Дали сончевите зраци се директна причина за појава на рак на кожата? И дали има и други ризик фактори за појава на рак на кожа?

Врската помеѓу сончевите зраци и рак на кожата е комплицирана и истата зависи од времетраењето, должината на изложување на сонце и содржината на УВ-радијацијата (УВ А и УВ Б) во зраците.

Хронична изложеност на сонце и бројните изгореници од сонце се директно поврзани со појавата на одреден тип карцином на кожа.

Случаите се зголемуваат со зголемувањето на возраста.

Светлата кожа, црвената или руса коса и светлата боја на очи се независни ризик фактори за добивање рак на кожата, бидејќи овие луѓе се посензитивни на УВ зраците.

На пример, лицето, главата и вратот се делови од телото на кои постои зголемен ризик за појава на рак на кожата.

Ракот на кожата може да се открие со дерматолошки преглед.

Еден тип рак на кожата е меланомот, а тој може да се појави во која било етничка група на луѓе, дури и на делови од телото кои не се изложени на сончева светлина.

Како изгледа процесот на лекување рак на кожа? Кој е стандардниот начин за негово третирање?

Стандарден третман на карциномот на кожата е хируршко отстранување по што следи постоперативна евалуација на маргините (т.е рабовите).

Најголем дел од случаите се решаваат само со оперативен третман.

Други хируршки техники се применуваат доколку се појават позитивни маргини на карциномите и се јави потреба од повторна операција. 

d-r-meri-berat-onkolog-sonceto-e-edna-od-prichinite-za-pojava-rak-na-kozha-najgolem-rizik-ima-kaj-lugjeto-so-svetol-ten-15_copy.jpg

Дали потоа се применува зрачење во третманот?

Радиотерапијата, односно зрачењето се применува како алтернатива за оперативниот третман (кај пациенти кои не треба - не може - да се оперираат) или како дополнителен третман кај оперирани пациенти кај кои се присутни ризик фактори.

Постојат и други, таканаречени топични третмани, а тие се користат кај површни форми на рак на кожата, а станува збор за креми, криотерапија, фотодинамска терапија и слично.

Системската терапија се користи кај пациенти кои се во напредната, метастатска фаза. Кај нив се препорачуваат таргет, имунотерапија, а во ретки случаи и хемотерапија.

Секој третман е индивидуален, според карактеристиките на болеста и според самиот пациент.

Дали заштитата со висок СПФ фактор може да ја превенира појавата на оваа болест или станува збор за мит?

Превенцијата се состои во избегнување на сончевите зраци, користење заштитни креми со фактор кои го намалуваат ризикот од горење на кожата, користење заштитна облека.

Но, важно е и да се посети дерматовенеролог за преглед и следење на кожата на телото, особено на промените и бемките кои ја менуваат својата форма, големина и боја.

d-r-meri-berat-specijalist-po-onkologija-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg