Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени, заедно готвиме, а надвор сме и на снег и на кал“

Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а 2-годишниот син го растат без екрани (дури и на 20-часовно патување со автомобил), според Монтесори методата, со едукативни играчки кои сами ги изработуваат, го вклучува во активности како готвење и веќе сам сече со нож, а секој ден се надвор на секакви временски услови - за CRNOBELO.com открива детали за начинот на воспитување. 

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-01.jpg

Дијана Галески (30) од Тетово е креативна мајка која решила одгледувањето на синот да биде според Монтесори методата и е целосно посветена на неговиот развој уште од најмала возраст.

Заедно со сопругот и синот Лео (2) живеат во Лајпциг, Германија, а на својот Инстаграм профил е инспирација за многу мајки во Македонија.

Нивното дете расте без екрани, а целосно се посветени на создавање играчки и игри кои ќе бидат едукативни и корисни за неговиот развој, па речиси и да немаат обични играчки.

На оваа возраст Лео веќе готви заедно со својата мајка, сам си ја простира облеката на мини сушара, а ужива и во активности како пазарење намирници според шопинг-листа која ја прави неговата мајка.

Во интервју за CRNOBELO.com Дијана открива повеќе за нивното секојдневие и начин на одгледување...

Кои се позитивните страни од животот со дете во Германија?

Би започнала прво со воздухот кој го дишеме, а би завршила со хигиената и организираноста.

Што се однесува до градинките, принципот на чување деца во градинка е сосема поразличен од Македонија, бидејќи децата поминуваат многу време надвор.

Родителите се секогаш информирани за тоа што детето јаде, прави и во кои услови го поминува денот.  

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-35.jpg

Кога почна со Монтесори пристапот на родителство и како дојде до идејата? Кои беа првите „чекори“ со ваквиот концепт на родителство?

За Монтесори методата дознав случајно и тоа пребарувајќи играчки на google. Првиот чекор беше едукација и тоа многу.

Лео имаше само 3 месеци и се сеќавам дека ги зедов скоро сите книги од градската бибилиотека што имаа некаква врска со поимот Монтесори.

И прво што направив ги заменив сите пластични тропалки и глодалки со дрвени. Потоа му ставив неколку корпички со играчки. А сега можам да кажам дека сум опседната со методата.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-21.jpg

Често заедно готвите и тој ужива во тоа – од кога почнавте со оваа активност, како почна да го вклучуваш во готвењето и како изгледа процесот на учење?

Готвиме секогаш кога имаме прилика. А најчесто за викенд. Пасивно беше вклучен од самото раѓање бидејќи секогаш готвев кога тој беше буден и ме гледаше.

Активно започнав да го вклучувам на 12 месеци кога веќе можеше стабилно да стои на висока скала до мене. Почетокот беше интересен и хаотичен. Но секој следен обид е поуспешен.

Веќе е дојден до фаза кога навистина помага а најважното од сè, и двајцата уживаме во тоа. Започнавме со миење овошје, а сега веќе може да сече со нож.

Прогресот е секој следен ден поголем.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-14.jpg

Колку време е потребно за да направите некое јадење заедно со него и колкав е нередот? Кои се придобивките, а кои се негативните страни?

Би рекла 20-30 минути плус од времето кога би готвела сама. Што се однесува до нередот, на почетокот беше поголем но никогаш претеран бидејќи Лео следи инструкции, соработува, а и сака сам да го среди нередот.

Подготвена средина, мали алатки за него и визуелни рецепти е нешто што секогаш функционира кај нас.

Придобивките од готвење со дете се огромни и мислам дека многу од нас не сме ни свесни за тоа. Бидејќи тоа што за нас е само правење некое јадење, за нив е цела наука.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-15.JPG

Се запознаваат со нови вештини, мириси, текстури, бои и вкусови. Сето тоа е сензорна стимулација а истовремено се развива и фината моторика, координацијата рака-око, фокусот и концентрацијата.

Од друга страна не само што детето преку готвењето учи да ги поправа грешките, да решава проблеми и да тренира прецизност, туку тоа и учи што навистина значи храната и зошто е таа важна, а со тоа се зголемува и интересот за пробување на различна храна.

Како негативна страна би го споменала само времетрањето на спремањето на оброкот и нередот, што како што кажав, со текот на времето се намалува.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-33.JPG

Сами правите листа за пазарење со сликички од намирниците... колку е навистина успешно ова во реализација и како доаѓаш до овие идеи?

Кој пазарувал со дете, знае каков предизвик е тоа. Листите за пазарување, а и визуелните рецепти кои сама ги подготвувам за нашите потреби ми се дефинитивно од голема помош бидејќи децата сакаат јасни насоки, но и граници.

Тоа им дава чувство на сигурност и се посоработливи кога знаат што е следно.

Па секогаш кога одиме во маркет, Лео е сконцентриран на листата и на тоа што треба да најде и досега никогаш не се случило да има излив на бес или да сака да купи нешто што го нема на листата. Идеите ги добивам од Пинтерест.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-20.jpg

Дали има некои работи што сепак не му се допаѓаат?

Досега се има случено да направам две DIY активности кои мене ми изгледаа WOW, а него не го воодушевија.

Во тој случај ги складирам и му ги нудам повторно после некое време, бидејќи правам ротација на играчки и активности 2-3 пати месечно.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-39.jpg

Што значи поточно тоа дека вашето дете расте без екран? Дали воопшто не му се покажуваат цртани или други програми или е тоа умерено?

Со оглед на тоа дека секој ден сме сведоци на штетноста на екраните ние се одлучивме Лео да расте без екран дури и пред тој да се роди.

Се држиме до тоа и мислам дека ќе се држиме сè додека е возможно. Истото важи и за нас. ТВ и сите екрани се исклучени во негово присуство.

Тоа не значи дека не телефонираме или правиме нешто кратко на телефонот. Во тој случај гледаме да е тоа навистина многу кратко и неприметно.

Долгото скролање на социјалните мрежи во негово присуство ни е потполно „забрането“.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-03.jpg

Дали играчките со кои си игра Лео се исклучиво Монтесори, или некогаш си игра и со обични играчки, играчки со батерии кои ви се подарок и сл.?

Не можам да кажам дека сите се исклучиво Монтесори бидејќи за една играчка да го добие тоа име прво треба да исполни неколку критериуми.

Но играчките кои ги имаме дома се едукативни. Сите се избрани и купени за одредена цел, а целта е секогаш развој на некоја вештина.

Исто така голем дел од играчките ги изработуваме сами следејќи ги научните истражувања на Др. Марија Монтесори.

Обични играчки речиси и да немаме, моментално тоа се само две и многу ретко игра со нив.

Не добиваме такви подароци бидејќи фамилијата и пријателите се запознати со нашиот пристап на родителување и го почитуваат тоа.

dijana-30-od-tetovo-zhivee-vo-germanija-site-plastichni-igrachki-na-sinot-2-gi-zameniv-so-drveni-zaedno-gotvime-a-nadvor-sme-i-na-sneg-i-na-kal-23.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg