Понекогаш ви доаќаат „кризи“ за грицки? Иако знаеме дека честата конзумација на брза храна може да му наштети на здравјето поради големиот број калории, шеќери и масти, сепак прибегнуваме кон неа како кон „виновно задоволство“. Таа е присутна насекаде: додека гледаме филм во кино или дома, на роденденски забави, разни прослави или кога сме тажни или нервозни, често знае да послужи како утеха.