Придобивки од консумирањето на пилешко месо
Пилешкото се смета за веројатно најздравото место, со оглед на тоа што е нискокалорично, а има висока количина на протеини во составот.
Богато е и со витамини А, Б1, Б2, Б5, Б6, Б9 и Б12, како и Ц и Е. Има високо ниво на калиум, флуор и калциум, магнезиум, железо, цинк и уште голем број на хранливи вредности кои го прават одличен избор за секој ручек.
Зошто е добро почесто да консумирате пилешко месо?
1. Протеини
Како што веќе споменавме, пилешкото е одличен извор на чист, немасен протеин, кој ги зајакнува мускулите и помага во одржувањето на здравата телесна тежина.
2. Природен антидепресив
Пилешкото е полно со аминокиселини триптофан, кои ви пружаат пријатно, комфорно чувство, па пилешкото месо е идеална храна за да се чувствувате порасположени.
3. Го чува здравјето на коските
Ако се плашите од појава на остеопороза или артритис, на вашето мени задолжително вклучете повеќе пилешко месо.
4. Го чува и здравјето на срцето
Хомоцистеин e аминокиселина која може да предизвика срцеви заболувања ако количината во организмот е преголема, а за среќа, белото пилешко месо ги контролира количините на хомоцистеин.
5. Барате селен?
Пилешкото изобилува со селен, важен минерал за правила работа на метаболизмот.
6. Го подобрува метаболизмот
Со консумација на пилешко месо, кое е богато со витамин Б6, ги одржува крвните садови поздрави од вообичаено.
Големи предности од пилешкото месо е што долго време ве држи сити, без притоа да имате голем калоричен внес, ги штити очите благодарение на витаминот А, лесно се вари и не создава мачнини.
Не треба да заборавите дека неговото приготвување е клучниот момент за да се зачуваат сите овие придобивки за здравјето.
Зошто светски познатиот ланец на ресторани KFC е лидер во подготовка на пилешкото месо?
- Пилешкото месо е секогаш свежо снабдено од сертифицирани добавувачи кои подлежат под најстроги стандарди за безбедност на храна.
- Секое парче пилешко месо е внимателно проверено и подготвено задоволувајќи ги највисоките стандарди на брендот.
– Постои јасно дефиниран начин за подготовка на пилешкото кој е идентичен како што за прв пат го подготвил полковникот Сандерс. Единствената копија од рецептот за тајната мешавина од 11 билки и зачини се чува на безбедно во Америка, а сите ресторани на KFC ширум светот добиваат готова, идентична мешавина од 11-те клучни зачини, при тоа задржувајќи го препознатливиот вкус на секогаш свежо подготвено пилешко месо.
- Подготвените производи се складираат во специјални кабинети за складирање („Holding Cabinets“) и според KFC “Gold Standard” стандард треба да се искористат во рок од максимум 90 минути со цел месото да ја задржи препознатливата крцкавост и сочност.
- Растителното масло со кое се подготвува месото е висококвалитето масло од сончоглед и коприва. Истото е ценето како мошне здраво за користење бидејќи го подобрува здравјето на срцето и има антиимфламаторно дејство. Температурата и високиот напон на машините овозможуваат маслото да не продре во внатрешноста на пилешкото и пилешкото секогаш да биде подготвено истиот начин.
Прочитајте ја и животната приказна на полковникот Сандерс, кој KFC мисијата ја остварил дури во третата доба од животот.