Приказната на полковникот Сандерс - Како KFC мисијата ја остварил дури во третата доба од животот?

Фразата „прсти да излижеш“ настанала како последица на хедонистичките побуди на оние кои уживаат во најдобро приготвеното пилешко во светот. Урбаната легенда вели дека оваа фраза почнала да се користи во моментот кога се појавил сега веќе добро познатиот KFC ланец на ресторани.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-001.jpg

Кентаки пилешкото и неговото пробивање во светот поминало трнлив пат. А, за масовното продавање и воопшто настанувањето на ова пилешко, бил задолжен еден човек.

Се работи за Харланд Сандерс – човекот кој на 60 години решил да застане на патот на сиромашното минато и да се насочи кон иднината.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-3.jpg

Харланд Сандерс бил роден на 9-ти септември 1890-та година, во мало место во Индијана. По смртта на неговиот татко, мајка му е приморана да работи најнапорни работи за да го одржи семејството.

Сандерс тогаш имал само 6 години и морал да се грижи за неколку помлади роднини. Пред 10-тата година Сандерс бил приморан сам да научи да готви, па веќе на многу рана возраст почнал да се усовршува како готвач.

На 15 години работел секакви работи за да заработи и не бирал начини да му помогне на своето семејство.

Но, дури 40-тите години биле почеток на поконкретни промени. Се преселил во Кентаки и решил таму да се задржи малку подолго. Тогаш веќе семејниот човек, Сандерс, се сместил во просториите на бензинската станица Shell Oil Company.

Во замена за сместувањето кое му го понудиле, работел целодневни смени на бензинската. Точејќи бензин, Сандерс се среќавал со различни луѓе кои на патот низ Америка, застанувале на кратка пауза токму на бензинска.

Често гладни и жедни, луѓето барале да се освежат и да каснат нешто вкусно. Сандерс одлучил да им понуди на луѓето скромно мени и да воведе храна на бензиската.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-5.jpg

Најпрво подготвувал пржени јајца, колбаси и слатки, а дури потоа и пржено пилешко. Нарачките почнале да стануваат почести и во поголем број, па Сандерс решил малку да го збогати менито.

Луѓето се хранеле во неговата трпезарија, бидејќи место за стандарден ресторан - немало.

Сепак, со успехот кој го следел, набрзо бензинската станица станала и ресторан со преку 100 места за седење.

Како би го забрзал процесот на подготовка на храна, Сандерс вложил во лонец кој бил сличен на фритеза. Во масло, го пржел зачинетото пилешко со дури 11 различни, ароматични зачини.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-9.jpg

Гувернерот на Кентаки дури му оддал почест со титула на полковник. Тогаш станува „Колонел Сандерс“ - највпечатливата фигура во Кентаки.

Првиот сериозен пех се случил кога новиот асфалтен пат ја заобиколил бензинската Shell Oil Company. Гостилницата останала без клиенти и тоа на Сандерс му донело нови проблеми.

Меѓутоа, неговата досетливост повторно го довела до успех. Заедно со неговата сопруга тргнал на пат, обиколувајќи ги сите поголеми гостилници по патиштата околу Кентаки. Во багажник го носел лонецот и пилешкото кое попатно го приготвувал.

На рестораните им го нудел својот специјалитет, барајќи процент од продажбата. Многумина биле воодушевени, па по добра цена го откупувале рецептот или готовите производи.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-7.jpg

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-6.png

Господинот од 60 години, во бело одело и со седа брада, набрзо постигнал договор со преку 200 ресторани.

Неговиот патувачки бренд официјално станува компанија која со добар глас и богата понуда го освојува пазарот.

1964-та година му донела на Сандерс нов профит, бидејќи поголемите компании решиле на темел на неговата идеја да отворат ланец ресторани.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-10.jpg

Полковникот Сандерс на времето идејата ја продал за околу 2 милиони долари, што гледано од денешна перспектива би било приближно на цифра од 15 милиони.

Компанијата Kentucky Fried Chicken Empire денес добро го има разработено бизнисот со највкусното пилешко на глобално ниво, а Сандерс засекогаш останува заштитен знак.

Неговата мисија која со години го менувала лицето, остварена е дури во третата доба од неговиот живот.

Полковникот од кујната го освои светот, а KFC пилешкото во картонски кофички стана омилен избор на сите гладни за нешто вкусно, сочно и поинакво.

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-11.jpg

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-3-01.jpg

prikaznata-na-polkovnikot-sanders-kako-kfc-misijata-ja-ostvaril-duri-vo-tretata-doba-od-zivotot-3-02.jpg

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg