Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење
Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состојки на професионалните готвачи?
Секој добар готвач си има барем една состојка што ја додава во повеќето јадења бидејќи прави огромна разлика.
На Редит, неколку професионални готвачи ја споделуваат нивната „тајна“ состојка:
„Оцет (или нешто кисело како лимонов сок). Ако ви се чини дека на јадењето му недостасува нешто, но е доволно солено, тогаш најверојатно недостасува нешто кисело“.
„Димен црвен пипер. Има одличен вкус и додава некоја длабочина“.
„Бел бибер – додава прекрасен вкус што го подобрува кое било солено јадење“.
„Кафе во чоколадни торти“.
„Не е состојка туку – време и трпение. Мојата партнерка многу сака да готви, но воопшто не е трпелива.
Става сè во тавата наеднаш или ја трга прерано од оган. Потоа се чуди зошто истото јадење не ѝ излева добро како моето“.
„Во повеќето сосови во ресторан што ви се допаѓаат има некоја состојка што не би ја очекувале, како јајца, сенф или некаква хопла“.
„Цели зачини, а не мелени. Разликата помеѓу стапче цимет и мелен цимет е повеќе од очигледна. Јас користам толчник и си мелам од зачинот колку што ми треба“.
„Каенски пипер – го подобрува вкусот. Многумина мислат дека се користи само за лути јадења“.
„Концентрирана паста од домати за сосови за месо“.
„Не е баш состојка, но секогаш користам топли чинии. Кога ќе ја ставите храната на топла чинија, таа нема да се излади брзо и ќе биде повкусна“.
Спирова С. | Црнобело