Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно?
Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јадете побавно?
Во модерното општество, се чини дека сите сме во трка со времето.
Веројатно и вие постојано брзате некаде и за нешто и сигурно ви се случува да немате ни време да седнете на мир да изедете оброк.
Иако веќе повеќето имаат навика да јадат брзо, постојат бројни придобивки кои ќе ве натераат барем да се обидете да јадете побавно.
Дел од нив во продолжение:
Ќе ослабите
Бројни истражувања потврдуваат дека кога јадеме побавно, внесуваме помалку калории.
Долгорочно, ова значи дека со текот на времето и ќе ослабите.
Причината е тоа што на мозокот му требаат околу 20 минути да регистрира дека сме сити.
Па, ако јадеме брзо, ќе внесеме повеќе храна додека да почувствуваме ситост.
Повеќе ќе уживате во храната
Нормално дека повеќе ќе уживате во храната кога ќе одвоите барем 20-тина минути за оброк.
Кога подобро ја џвакате храната, подобро ќе ги почувствувате сите вкусови.
Покрај тоа, ќе можете да уживате подолго, со помалку изедена храна.
Ќе ви се подобри дигестијата
Дигестијата на храната почнува уште во устата – и самото џвакање е дел од процесот.
Ако не ја џвакате храната доволно, желудникот ќе има повеќе работа, а ова може да биде причина за грчеви и гасови.
Доколку добро го изџвакате секој залак, ќе ја олесните дигестијата и нема да чувствувате мачнина по јадење.
Ќе го намалите стресот
Ако јадењето го претворите во мал ритуал и целосно му се посветите, може да ви биде и како медитација.
Фокусирајте се на секој залак и на секој вкус и ова колку-толку ќе ви помогне барем за миг да си ги оттргнете мислите од грижите.
Полесно ќе избегнувате нездрава храна
Кога ќе обрнувате повеќе внимание на храната додека ја јадете, поверојатно е да изберете нешто здраво и хранливо, отколку само брза и нездрава храна.
Секако, кога ќе немате време, во ред е да си купите и нешто за на брзина, но генерално повнимателно ќе избирате што јадете.
Ова, пак, позитивно ќе се одрази на целокупното здравје.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





