Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз

Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека го варите. На што друго треба да обрнете внимание кога правите ориз?

trikovi-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-imate-sovrsheno-podgotven-oriz-01.jpg

Оризот е една од оние работи кои се подготвуваат многу лесно, но исто така многу лесно може да го „зафркнете“.

Понекогаш ќе ви остане тврд, понекогаш премногу мек, па добро е да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат секогаш да имате совршено подготвен ориз.

Совети за да подготвите совршен ориз:

Времето на варење не е исто за секој вид

Оризот е готов кога водата во тенџерето ќе испари. Во просек, за ова се потребни околу 20 минути.

Но, кога станува збор за интегрален (кафен) ориз, времето на варење е подолго. Исто така, кафениот ориз не омекнува целосно како белиот.

Секогаш мијте го оризот пред да го готвите

Исплакнете го оризот пред да го готвите, зашто така ќе го направите помалку леплив и ќе спречите да се згрутчи при готвењето.

Оризот е измиен кога водата од него ќе биде проѕирна, односно нема да биде бела.

trikovi-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-imate-sovrsheno-podgotven-oriz-02.jpg

Не мешајте го додека се вари

Освен ако не готвите рижото, не мешајте го оризот додека се вари, затоа што на тој начин голема е веројатноста да стане густ и леплив.

Ако готвите на рингла, користете тенџере со дебело дно

Кога не го мешате оризот, може да загори, па затоа, користете тенџере со дебело дно.

trikovi-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-imate-sovrsheno-podgotven-oriz-05.jpg

Додајте масло

Додајте малку масло во оризот за да спречите зрната да се залепат едни со други. Може да користите и путер, во зависност од тоа што приготвувате.

При крај од готвењето, ставете крпа под капакот

Ставете кујнска крпа под капакот за да ја впие кондензацијата и да спречите оризот да стане кашест.

trikovi-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-imate-sovrsheno-podgotven-oriz-04.jpg

Штом ќе се свари оризот, оставете го 15 минути пред да го сервирате

Пред да го сервирате за јадење, почекајте барем петнаесетина минути.

Оставете го да стои понастрана од оган, со цел влагата да се прераспредели низ оризот и да стане поконзистентен.

Кафеавиот ориз ставете го во врела вода

Кафеавиот ориз може да го готвите и како тестенини, во врела вода.

Откако ќе омекне, исцедете го и оставете го во покриено тенџере околу десетина минути.

trikovi-so-chijashto-pomosh-sekogash-kje-imate-sovrsheno-podgotven-oriz-03.jpg

Знаете ли вие и други трикови за подготвување совршен ориз? Споделете ги!

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg