Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт
Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почетокот. Правите некоја од овие грешки?
Дали често ви се случува да ги утнете и едноставните рецепти?
Тогаш сигурно правите некоја од основните грешки кои е лесно да ги превидите.
Дел од најчестите кулинарски грешки:
Го миете пилешкото месо
Кога го миете пилешкото месо, воопшто не ги отстранувате бактериите, туку само ги разнесувате.
Додека го плакнете под чешма, сите бактерии ќе завршат во мијалникот, но и на другите кујнски површини.
Месото ќе се „исчисти“ при готвењето на висока температура, а во ред е да го маринирате бидејќи со тоа му се подобрува вкусот.
Ја преполнувате тавата
Ако ја преполните тавата, храната нема да се зготви како што треба.
Покрај тоа, ако има премногу зеленчук, тој ќе испушти многу течност и целиот оброк ќе биде како „накиснат“.
Важно е сите намирници да имаат доволно простор да се зготват правилно и подобро е да употребите поголема тава, дури и ако мислите да правите помалку храна.
Користите многу студени намирници
Некои намирници треба да отстојат надвор од фрижидерот пред да ги зготвите бидејќи ова има влијание на вкусот.
Повеќето продукти, вклучувајќи јајца, путер и домати, треба да отстојат барем 15-тина минути на собна температура пред готвење.
Многу долго го готвите зеленчукот
Ако дозволите зеленчукот да омекне многу, ќе изгуби и дел од вкусот, и дел од хранливите материи.
Ако го варите зеленчукот, ставете го врела вода, а кога ќе се вари веднаш ставете го во студена вода за да ги задржи бојата и крцкавата текстура.
Како тестенините, и зеленчукот треба да биде приготвен „ал денте“, односно да биде малку крцкав.
На крај можете да го запржите во маслиново масло за поинтензивен вкус.
Користите погрешен вид сол
Различните видови сол имаат разен вкус.
Најдобро да готвите со готварска сол, додека хималајската и јодираната се подобри за салати.
Секако, слободно експериментирајте со разни видови за да видите кои комбинации ви се допаѓаат најмногу.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





