Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата)
Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пржите со презла.
Постојат некои мали кулинарски грешки кои можат да направат голема разлика во вкусот и текстурата на храната.
Неретко ова се грешки што ги прават и луѓе кои се навистина искусни во кујна.
На кои грешки треба да обрнете внимание?
Го готвите пилешкото на многу висока температура
Кога го печете пилешкото месо, потребна е повисока температура, односно над 160 степени Целзиусови.
Но, кога го варите, водата не треба постојано да врие бидејќи месото може да се превари и да биде тегаво.
Откако водата ќе зоврие, треба да ја намалите ринглата за температурата да се спушти до кај 80 степени. Односно, водата не треба да врие.
Притоа, не треба целосно да го покриете тенџерето.
Готвите мали парчиња зеленчук и пилешко одеднаш
Кога зеленчукот е исечен поситно, ќе се зготви многу побрзо од месото.
Па, ако ставате помали парчиња зеленчук, најдобро е прво да ги приготвите одвоено, па кога и месото и зеленчукот ќе бидат при крај, да ги ставите во иста тава за да се допечат заедно.
На овој начин зеленчукот нема да изгори, а месото ќе ги впие вкусовите од него.
Кога правите пире ставате нестопен путер
Ако ставате путер во пирето, немојте да го ставате додека е стврднат бидејќи нема да се измеша добро.
Најдобро е да го стопите путерот, па со мешање да го додадете во пирето.
Често ја превртувате рибата
Кога пржите риба, избегнувајте да ја превртувате многупати.
Поради текстурата, со честото превртување парчињата ќе се распаднат.
Најдобро е да почекате да се испржи од едната страна, па потоа целосно да се испржи од другата.
Не ја загревате тавата пред готвење
Кога пржите нешто, важно е малку да ја загреете тавата, а потоа и маслото.
Ако ја ставите храната во студено масло, таа само ќе ги впие маснотиите, а и поголеми се шансите да се залепи за тавата.