Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири
Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во исто време. Ако служите печен компир како главно јадење, изберете поголеми компири. Ако се како прилог на друго јадење, тогаш изберете мали до средни компири.
Речиси сите ќе се согласиме со тоа дека компирите се чест дел од нашата трпеза.
Иако печењето компир не е нешто комплицирано, важно е да се обрне внимание на некои ситници за компирите да бидат крцкави однадвор, а меки однатре.
Мали трикови кои ќе ви помогнат да добиете совршено испечен компир:
Големината на компирите е важна
Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во исто време.
Ако служите печен компир како главно јадење, изберете поголеми компири. Ако се како прилог на друго јадење, тогаш изберете мали до средни компири.
Обрнете внимание на температурата на печење
Времето кое е потребно за да се испече компирот во рерната, зависи од две работи: температурата и големината на компирот.
Па, следете ги следниве упатства:
Средни до мали компири:
- 45 минути на 200 степени
- 60 минути на 180 степени
- 90 минути на 160 степени
Големи компири:
- 1 час и 10 минути на 200 степени
- 1 час и 25 минути на 180 степени
- 1 час и 40 минути на 160 степени
Ова е општо правило, а вие секако ќе треба да го приспособите времето на печење и според вашата рерна.
Треба ли да се користи алуминиумска фолија?
Компирите не треба да бидат целосно завиткани во фолија, за да може нивната кора да стане екстра крцкава.
Направете мали дупчиња ако печете цел компир
Со врвот на виљушката, направете мали дупки низ лушпата на непечените компири (може да го користите и врвот на остар нож).
Направете рамномерно распоредени дупчиња на четири до шест места.
Печете директно на решетката од рерната ако печете цели компири
Ако печете директно на тава за печење, тогаш голема е шансата деловите од компирот што го допираат садот да се залепат.
Ако користите решетка, ќе ѝ дозволите на топлината да го опфати целиот компир, обезбедувајќи рамномерно печење.
Не ги печете предолго
Ако лушпата од компирот изгледа како збрчкана, веднаш извадете ги од рерната бидејќи тоа е сигурен знак дека се готови.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com