Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо)

Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобро да ги правите во Air Fryer не само затоа што е побрзо, туку и затоа што ќе бидат повкусни.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-01.jpg

Некои јадења дефинитивно се највкусни кога се приготвени во рерна.

Сепак, постојат и намирници кои е подобро да ги направите во Air Fryer.

Вкусот е ист, можеби и подобар, нема да користите многу масло, а и самото готвење е генерално полесно.

Храна која треба почесто да ја правите во Air Fryer:

Пилешки гради

Сè што треба да направите е да ги маринирате пилешките гради или да им ги ставите омилените зачини, па да ги ставите во Air Fryer.

Печете ги на 190 степени Целзиусови, околу 15 минути, но не заборавајте и да ги превртите на половина од времето.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-02.jpg

Прокељ

Ако обарениот прокељ не ви е многу вкусен, тогаш пробајте да го направите во Air Fryer.

На зеленчукот додајте малку масло, лук во прав, сол и други зачини по желба.

Откако ќе се испече, можете да додадете и малку балсамико оцет.

Доволно е да печете помеѓу 10 и 15 минути, на 190 степени Целзиусови.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-03.jpg

Лосос

Пржењето лосос може да биде предизвик за помалку искусните бидејќи лесно се распаѓа, а може и да се залепи на тавата.

За да го приготвите во Air Fryer, неколку минути ставете го во маринада од соја сос и многу малку кафеав шеќер.

Печете го околу седум минути, на 200 степени Целзиусови.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-04.jpg

Сланина

Ако сакате да намалите со масти, но ви се јаде сланина, направете ја во Air Fryer.

Препорачливо е под корпата за храна да ставете парчиња леб за врз нив да капат маснотиите од сланината. Со ова ќе си го олесните чистењето.

Наредете ги парчињата сланина во еден слој со малку простор помеѓу нив и печете ги околу седум минути, на 170 степени Целзиусови.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-05.jpg

Компири

Во Air Fryer, компирите секогаш излегуваат крцкави однадвор, а меки однатре.

Единствен недостаток е што треба да се печат подолго, практично исто како во рерна.

На исечени компири ставете ги омилените зачини и премачкајте ги со маслиново масло.

Загрејте го Air Fryer-от на 200 степени Целзиусови, па печете ги околу 40 минути, или додека омекнат.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-06.jpg

Замрзната брокула

Не е препорачливо да готвите свежа брокула во Air Fryer бидејќи може да биде многу сува или премногу мека.

Но, замрзнатата ќе биде повкусна ако ја направите во Air Fryer.

Наредете ги парчињата брокула во еден слој и печете ги околу 6 минути на 190 степени Целзиусови.

Минута-две пред да бидат готови, можете да им додадете малку маслиново масло за да бидат покрцкави.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-07.jpg

Тофу

Тофуто може да биде совршено ако го приготвите во Air Fryer.

Исечете го тофуто на коцки и ставете го во омилената маринада или ставете му зачини.

На крај додајте и малку масло.

Печете на околу 190 степени, додека тофуто не стане крцкаво.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-08.jpg

Пченка

Ако ја правите во Air Fryer, пченката ќе биде мека како да е варена, но однадвор сепак ќе биде и малку крцкава, како да е печена.

Скршете ги парчињата пченка на половина и кога ќе ги редите во корпата, оставете малку простор меѓу нив.

Зачинете ги со малку сол и путер и печете ги 10-тина минути на 180 степени Целзиусови.

hrana-koja-e-povkusna-vo-air-fryer-i-se-pravi-pobrzo-9.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg